fbpx Skip to main content Skip to search

Започни бизнис! Отвори Компанија

Започни Бизнис! Отвори Компанија!

Што е потребно да знаете пред отворање на компанија/фирма? 

  1. Сопствеништвото на фирмата е првиот чекор при основање на истата. Дали компанијата ќе биде основата од едно лице или пак ќе се појават повеќе сопственици влијае на регистрациониот агент при основање на друштвото. За да одлучите кој облик е најдобар за Вас во прилог линк на кој можете детално да прочитате за сите правни облици. ПРОЧИТАЈ ЗА ТП,ДООЕЛ,ДОО
  2. Со што ќе се занимава фирмата? Во која трговска гранка ќе ги обавува своите активности. На пример: Програмерски услуги, консалтинг услуги, градежништво, производство и др.
  3. Име на Вашата фирма? Со кликање на линкот подолу преку платформата на Централниот Регистер можете да проверите дали името кое го преферирате за вашата компанија е достапно. ПРОВЕРИ ДАЛИ Е СЛОБОДЕН ПОСАКУВАНИОТ НАЗИВ
  4. Седиште на фирмата: За обавување на сите деловни активности компанијата/фирмата мора да има официјална регистрирана адреса, на кој што институциите и деловните партнери ќе може да ја контактираат.Пример: Седиште на компанијата: Ул. 1613 бр 4/5 Аеродром, Скопје.
  5. Е-маил на фирмата: Официјална е-маил адреса на компанијата преку која ќе можат институциите да ја контактираат истата.