Како да го изберам вистинскиот сметководител за мојот бизнис?
Една од најважните одлуки која треба да се направи при започнување на секој бизнис, но и за веќе постоечки и растечки компании, е изборот на соодветно сметководство. Иако навидум ова делува како многу едноставна работа, сепак треба да се има на ум дека од овој избор ќе зависи идната финансиска слика на вашата компанија.
Добар сметководител ќе помогне во ширењето на вашиот бизнис, при што ќе внимава на вашиот буџет, додека лош избор на сметководство може да ве чини многу пари на долг рок.
Кои се најчесто поставувани прашања кога е во прашање изборот на сметководител?
Прочитај повеќеКои се сите потребни чекори за да отворам фирма?
Сигурно некогаш сте си го поставиле себе си ова прашање – Дали треба да започнам сопствен бизнис? Но, секогаш сте замислувале дека целиот процес на отворање на нова фирма е доста сложен.
Дозволете да ви покажеме дека е многу поедноставно отколку што мислите. Доколку имате желба за да започнете нешто самостојно, можете уште денес да почнете со остварување на вашиот сон.
Прочитај повеќеКој сè подлежи на данок на добивка? Како се пресметува истиот?
Секој сопственик на фирма/компанија треба да знае дали подлежи на данокот на добивка и како истиот се пресметува.
Кои се правни облици подлежат на данокот на добивка?
- Трговците поединци
- Друштвото со ограничена одговорност едно лице-ДООЕЛ
- Друштвото со ограничена одговорност-ДОО
- Акционерски друштва-АД
Важно: САМО ДОКОЛКУ КОМПАНИИТЕ ОСТВАРУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 3.000.000 ден приходи во текот на една година.
Кои организациони облици се исклучени од данокот на добивка?
- Здруженија на граѓани
- Фондации
- Странски организации
- Други здруженија регистрирани според законот за здруженија и фондации
*Кај овие организацони облици приходите отстварени по основ на: приходи од членарини, доброволни прилози, донации, грантови, подароци. Но доколку истите обавуваат стопанска дејност нивниот приход се оданачува со 1% на вкупните приходи остварени од стопанската дејност (доколку надминуваат над 1.000.000 денари).
Како точно се пресметува данокот на добивка?
Прочитај повеќеНајнови информации за пресметката на регресот за годишен одмор!
Регресот за годишен одмор работодавецот мора задолжително да го исплати на секој вработен кој бил во работен однос најмалку 6 месеци.
На кои врaботени им следува регрес за годишен одмор и колку изнесува?
На секој вработен кој работел најмaлку 6 месеци кај ист работодавач во текот на една календарска година му следува надомест по основ на регрес за годишен одмор познат како К-15. Минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40% од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.
Последните податоци за просечна нето плата се за месец мај која изнесува 24.509 ден.
Детално елаборирање и пресметка на регресот за годишен одмор.
Да ве предупредиме – 40% од просечната нето плата во Република Македонија, а не просечна плата во вашата компанија. Просечната плата во РМ се менува често, па така зависно од месецот во кој сакате да го исплатите регресот за годишен одмор треба да проверите во тој месец колку е просечната плата во РМ.
Според анализите и просекот кој го зема книговодственото биро Александар-АК ве советуваме:
Прочитај повеќеАлександар-АК вашата заштита во бизнис светот! Книговодствено биро на ваша страна!
Според разговорите со бизнис заедницата, секогаш се појавуваат прашањата што е работа на книговодствето, а што не. Книговодителите често се оградуваат од оддредени активности и ги префрлаат како обврска на компанијата. Голем процент од бизнис секторот кој користи услуги од аутсорсирано книговодствено биро се чувствува дека користи банкарска услуга или услуга од финансиска институција, а НЕ партнер во бизнисот.
Поради овие програми кои се јавуваат, ние сакаме да ви ја презентираме Umbrella програмата и да ви ги претставиме бенефитите кои ги уживаат нашите клиенти скоро 20 години.
Вредности на Umbrella програмата се заштита од финансиските грешки кои може да го чинат вашиот бизнис богатство.
Прочитај повеќеЗавршни сметки за 2017 последен рок 28.02.2018
-1055Денови
-21Саати
-47Минути
-19Секунди
Остануваат уште 12 дена до завршните сметки, не чекајте последен ден да ги завршите вашите законски обврски.
Завршната сметка e законска обврска на секоја фирма. Нејзино не навремено поднесување или поднесување со закаснување подлежи на парични санкации.
“ЗАВРШНАТА СМЕТКА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДНЕСЕНА САМО ОД ЛИЦЕНЦИРАНО СМЕТКОВОДСТВЕНО БИРО!”
Како ќе ја завршите годината во добивка или загуба?
Крајното салдо на вашата компанија е голем показател пред државните институции, банките, приватниот сектор кој сака да соработува со Вас. Компаниите напорно работат и секогаш се трудат да ја задржат добивката со што би добиле позитивна слика за самите себе. Континуираното прогресивно работење на компанијата и остварувањето добивка на истата и овозможува бонитет да може да конкурира на тендери огласени од државата или приватниот сектор, овозможува полесно одобрување на кредити од страна на банките или кредитните фондови. Секоја компанија искажувајќи ја својата позитивност(добивка) на салдата дава сигурност на другите компании кои сакаат да работат со истата.
Добивката значи многу!
Информации за данокот на добивка:
Прочитај повеќеСакам да отворам фирма, кој облик е најпогоден за мене?
Пред отворање на фирма треба да ги разгледате сите правни форми кои ви се на располаѓање и да проанализирате кој од нив е најсоодветен за вас.
Правни облици кои стојат на располаѓање:
ТП – Трговец поединец: најчесто употребуван правен облик кај помалите превозници: (ЛИЦА: такси возачите, возачите на комбе, автобус), занаетчиите, уметниците и други кои обавуваат услуги како лица.
ДООЕЛ – Друштво со ограничена одговорност едно лице: поголем број фирми се основани под овој правен облик. Имате идеа? Не ви е потребно партнерство. Почнавте како еден превозник, а сега се ширите – потребен ви е ДООЕЛ.
ДОО – Друштво за ограничена одговорност: поголем број фирми се основани под овој превен облик. Имате идеја? Нема доволно средства да ја започнете, секое здружување во фирмата со средства доведува до формирање на ДОО.
Прочитајте подолу, детално елаборирани предностите и слабостите.
Прочитај повеќеОд 01. Јануари 2018 измени во законот за персонален данок нов-начин на плаќање и поднесување
Со измените во законот кој стапува на сила од 01.Јануари 2018 Управата за јавни приходи воведе нов начин за пресметка и плаќање на персоналниот данок на доход.
Пресметка и плаќањето на персоналниот данок на доход ќе се врши преку новиот систем на УЈП каде што ќе треба да се поднесе електроска пресметка за приход и данок.
Линк до новиот систем за Е-Персонален данок: https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam
Кој се треба да поднесе електронска пресметка за приход и данок?
Правни лица и сметководители кои водат деловни книги: Имаат исплатено и исплатуваат приходи по сите основи на физички лица кои се резиденти на Р.Македонија и не резиндентит. Плаќањето по освно плата на вработени не влегува во оваа пресметка.
Физички лица – резиденти на Р.Македонија: Кои отстваруваат приходи од други други физички лица или приходи од странство. Лицата кои отстваруваат приходи од самостојна дејност не подлежат на оваа пресметка.
Физички лица – нерезиденти: Кои отстватуваат приходи од лица кои се резиденти на Р.Македонија.
Кои се придобивките од овој систем?
Прочитај повеќе