К-15, регресот за годишен одмор работодавецот мора задолжително да го исплати на секој вработен кој бил во работен однос најмалку 6 месеци.

На кои врaботени им следува К-15 и колку изнесува?


Секој вработен кој работел најмaлку 6 месеци кај ист работодавач во текот на една календарска година му следува надомест по основ на регрес за годишен одмор познат како К-15.  Минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 % од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.

Детално елаборирање и пресметка на регресот за годишен одмор.


Да ве предупредиме 40% од просечната нето плата во Република Македонија, а не просечна плата во вашата компанија. Просечната плата во РМ се менува често, зависно од месецот во кој сакате да го исплатите регресот за годишен одмор треба да проверите во тој месец колку е просечната плата во РМ.

Според анализите и просекот кој го зема книговодственото биро Александар-АК ве советуваме:

 


Најниската исплата по основ регрес за годишен одмор изнесува 9,200 ден. (нето ) на кој следи персонален данок од 1,022 ден = 10,222 ден .

Највисоката исплата по основ регрес за годишен одмор кој не подлежи на оданочување од данок на добивка изнесува 12,000 ден на кој следи персонален данок од 1,333 ден = 13333  ден ВАЖНО овој регрес не се оданочува со данок на добивка.

Секоја испалата над 12,000 ден покрај персоналниот данок подлежи и на оданочување по основ данок на добивка од 10%.

Исплата на регресот за годишен одмор е задолжителна, за секој работодавец кој нема да исплати К-15 следуваат парични и затворски казни.

Со посебни акти  се регулирани загубарите кои подолг период не се во можност да исплаќаат плати.