fbpx Skip to main content Skip to search

Како да го изберам вистинскиот сметководител за мојот бизнис?

Избери вистинско сметководство

Како да го изберам вистинскиот сметководител за мојот бизнис?

Една од најважните одлуки која треба да се направи при започнување на секој бизнис, но и за веќе постоечки и растечки компании, е изборот на соодветно сметководство. Иако навидум ова делува како многу едноставна работа, сепак треба да се има на ум дека од овој избор ќе зависи идната финансиска слика на вашата компанија.

Добар сметководител ќе помогне во ширењето на вашиот бизнис, при што ќе внимава на вашиот буџет, додека лош избор на сметководство може да ве чини многу пари на долг рок.

Кои се најчесто поставувани прашања кога е во прашање изборот на сметководител?


Третирајте го сметководителот како вработен

Ангажирање на личноста која ќе биде одговорна за вашето сметководство е можеби и поважно од проширување на бројот на вработени интерно во компанијата. Оттука, сметководителот токму и треба да го перцепирате како член на вашиот тим.

При бирање на сметководител, не треба да се фокусирате само на некој кој што ќе ги прокнижува сите ваши фактури или ќе работи на завршни сметки, туку на некој кој што ќе биде ваш бизнис и финансиски партнер, и некој кој што ќе донесе дополнителна вредност на компанијата која што ќе може да се монетизира.

 

 

Соодветно сметководство за вашата бранша

Секогаш внимавајте на моментот дека сметководителот кој ќе го изберете треба да има соодветни вештини, а во исто време и добро да ги познава елементите за бизнисот кој го водите. Многу е важно сметководството да има практично искуство со бизниси кои веќе поминале низ циклуси кои вие допрва треба да ги поминувате. 

Запрашајте дали сметководителот има познавање од лансирање на мали бизниси? Дали можеби ви треба да има искуство од раководење со макро претпријатија? 

Овие одговори се потребни за сметководителот да може одлично и професионално да одговори на потребите за поддршка и стимулација за ширење на компанијата.

Поставете ги вистинските прашања

Од особено значење е дали лицето одговорно за сметководство е овластено и лиценцирано за струката која ја врши, и дали е регулирано од професионално тело за својата работа.

Поставете ги вистинските прашања на вашиот потенцијален сметководител. Како што веќе рековме, фактурите и завршните сметки се многу мал дел од неговата целокупна работа.

Следење на состојбите на пазарот, мерките кои се носат од владините институции, можности за аплицирање за грантови, даночни олеснувања, и многу други бизнис поволности кои може да излезат ненадејно, се исто дел од елементите на кое едно квалитетно и професионално сметководство треба да внимава.

 

 

Достапност и начини на комуникација

Еден од најважните приоритети при изборот дефинитивно треба да е поддршката и достапноста која се нуди на располагање на вашиот бизнис.

Прашајте го вашиот потенцијален сметководител на каков начин ќе се одвива комуникацијата со вас, односно дали ќе се врши телефонски, преку електронска пошта, и во кои временски периоди.

Редовната комуникација е многу значајна за сите процеси да може да се одвиваат флуидно и да може сите потенцијални проблеми да се детектираат навремено.

 

Мерење на перформанси

По изборот на соодветното сметководство, мерењето на перформансите е процес кој постојано трае. Добра пракса е да се одвиваат чести состаноци за сублимирање на резултатите и да се прегледа бизнис и финансиската слика на компанијата.

Ваквиот начин на комуникација ќе донесе подобра визија за движењето на бизнисот во иднина, и ќе зададе подобри предизвици за имплементирање на нови идеи и визии, како и ширење на компанијата.

 

Зошто Александар-АК е идеално сметководство за твојот бизнис?

Александар-АК како сметководствено биро е основано во 1999 година, и веќе 21. година секојдневно опслужуваме повеќе од 350 локални и интернационални компании. Мисијата на нашата компанија е да изградиме цврста бизнис врска со секој од клиентите која ќе се потпира на сигурност и доверба.

Задоволните клиенти ни се единствена цел, па затоа како компанија инвестираме секојдневно во дигитализација која ја зголемува нашата ефикасност и навремена достапност на информацијата до нашите клиенти.

Сакате да започнете сметководство со нас? Направете пресметка за вашиот бизнис, а ние веднаш ќе ве контактираме.