Сметководственото биро Александар-АК од Скопје има потреба од сметководител. Доколку имате желба да станете дел од стабилна компанија со искуство од 21. година, со постојани предизвици и динамичен раст во работата, ова е идеалната работна позиција за Вас.
Во продолжение следуваат детални информации околу самата работна позиција.
Главни задачи на работната позиција:
Обработка (книжење на фактури).
Денарски и девизни изводи.
Документи од благајничко работење (финансово сметководство).
Навремено и ефикасно опслужување на клиентите за кои е одговорен вработениот.
Постојана комуникација со фирмите.
Потребни квалификации на кандидатот:
Работно искуство од најмалку 2 години во сметководство.
Средно или високо образование.
Познавање на Microsoft Office алатки.
Познавање на англиски јазик.
Познавања кои дополнително ќе го издвојат кандидадот:
Лиценца за сметководство.
Познавање на Microsoft Access.
Познавање на дополнителен јазик (руски, германски).
Желба за надоградување и тимска работа.
Дополнителни информации:
Работното време се одвива од понеделник до петок, 08:00-16:00.
Работата се одвива во канцеларија, со адреса на ул. 1613 4/5 Скопје (Ново Лисиче).
Висината на платата е предмет на договор помеѓу работадавачот и кандидатот.
Првичниот договор за вработување е на 3 месеци, а потоа во согласност со резултатите може да се продолжи на неопределено.
Аплицирање
Кандидатот треба да го испрати своето CV на vrabotuvanje@aleksandarak.mk, со наслов „Вработување за сметководител“, најдоцна до 10.02.2021.