Завршната сметка е најважниот сметководствен документ што едно претпријатие треба да го има доставено до Управата за јавни приходи, а рокот за поднесување оваа година е заклучно 28-ми февруари 2021-ва во хартиена форма, како и до 15 март во електронска.

Само лиценцирано сметководствено биро може да поднесе завршна сметка во име на фирмата. Преку овој документ, секоја фирма ќе може детално да ја погледне својата состојба на приходи и трошоци, и колкав профит или загуба се генерирани во текот на една календарска година.

Законски обврзници за доставување на завршна сметка:

  • Сите видови на правни лица (јавни и командитни трговски друштва, АД, ДОО, ДООЕЛ, ТП)
  • Граѓани кои вршат самостојна дејност (трговци поединци, занаетчии, нотари, адвокати, автопревозници, таксисти)
  • Здруженија на граѓани (синдикати, општествени организации, спортски друштва)

Се препорачува дека секоја фирма треба да внимава на навремено извршување на оваа законска обврска, со оглед на тоа што секое целосно или задоцнето поднесување подлежи на парични санкции од страна на државните институции.

Со точен и професионален сметководствено-финансиски извештај, фирмата може да има увид во трендовите со точни податоци за своето работење, како и квалитетно да ги планира и проектира своите идни деловни активности. Исто така, завршната сметка овозможува потпора за претставување на фирмата пред банкарски и кредитни институции, како и други деловни соработници.

Александар-АК како овластено и лиценцирано сметководствено биро со искуство од 22 години, се грижи за професионално и навремено поднесување на овој документ на сите свои клиенти!