Договори на дело, хонорари, закупнини, дивиденди или приходи од странство. Секој од овие приходи носи даночна обврска што мора правилно и навремено да се пријави во системот на УЈП.
Е-ПДД (Електронска Пријава на Персонален Данок на Доход) е систем на УЈП за електронско поднесување на пријави за персонален данок при исплата на хонорари, договори на дело, закупнини и дивиденди.
Е-ПДД не е само формалност. Погрешна пресметка, задоцнета пријава или неправилен тип на договор може да создаде сериозни проблеми, дополнителни трошоци и инспекциски ризик.
Ние се грижиме целата постапка да биде точна, законски усогласена и завршена навреме, за Вие да работите мирно и без административен хаос.
📌 Фолијата ги изготвуваме по Ваше барање и потреба. Секое фолио има важност 30 дена. Дигитализирани за автоматска пресметка и калкулација преку нашата апликација.
За научни, стручни и публикациски дела. Специјална намалена стапка на данок.
Надомест за консултации, советување и стручна помош.
ИТ услуги, дизајн, превод, маркетинг и слични интелектуални активности.
Сите останати видови на повремена или привремена работа.
Кирии за канцеларии, станови и деловни простории без опрема.
Кирии за простории со вклучена опрема и мебел.
Кирии за патнички или товарни возила дадени под закуп.
Исплата на дивиденди на домашни и странски физички лица - сопственици на компанијата.
⚠️ Најчестата забуна кај компаниите е мешањето на договорот на дело со редовниот работен однос. Договорот на дело не го заменува работниот однос. Лицата не смеат да се ангажираат со договор на дело за извршување на главната дејност (шифрата) на фирмата. Овој тип на договор служи исклучиво за повремена или привремена работа.
Оваа услуга е наменета за граѓаните кои имаат обврска самостојно да ги пријават своите приходи до УЈП.
Детални информации достапни на официјалната страница на УЈП.
ujp.gov.mk →
Добијте понуда за сметководство, отворете фирма или побарајте совет од нашите експерти брзо и едноставно.
Побарајте понудаВнесете го бруто износот и автоматски добивате нето надомест, ПДД и вкупниот трошок за работодавачот.
Ориентациона пресметка. Фолијата ги изготвуваме по Ваше барање.
Е-ПДД не е само административна работа. Тоа е дел од финансиската сигурност на Вашата компанија. Затоа пристапуваме стратешки.
Точни стапки за секој тип на договор. Без ризик од казни поради погрешна пресметка.
Фолијата ги изготвуваме по Ваше барање и потреба. Секое фолио важи 30 дена.
Дигитализирани за автоматска пресметка и калкулација преку нашата АК Дигитал апликација.
Образец 743, месечна декларација и плаќање на данок до 15-ти за приливи од странство.
Советуваме за оптималната структура, без разлика дали станува збор за авторски права, договор на дело или закупнина.
За физички лица со приходи од закуп, фриленсинг или странство - ги водиме целосно.
Имате прашања за Е-ПДД? Проверете ги најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти.
Нашиот лиценциран и искусен тим се грижи за финансиските извештаи, законските обврски и целокупната сметководствена сигурност на Вашата фирма.
Доброто даночно планирање значи помал ризик и подобри деловни одлуки. Ние Ви помагаме со советување, оптимизација и навремено исполнување на сите обврски.
Навремена и точна исплата на плати е важна и за Вашите вработени и за Вашата фирма. Ние ја подготвуваме целата потребна документација, пресметка на придонеси и административни постапки поврзани со платниот список.
Пресметка и евиденција на патни трошоци, дневници и службени патувања со целосна документација и законска усогласеност.
Нудиме помош и правни совети за сите Ваши административни работи: фактурирање, архивирање, документација, пријава и одјава на вработени.
Добијте понуда за сметководство, отворете фирма или побарајте совет од нашите експерти брзо и едноставно.