Александар.АК

+389 70 360 766
info@aleksandarak.mk
Пон–Саб 07:30–16:30
МК
EN

Патни
трошоци

Службени патувања, состаноци надвор од градот, работа на терен, странски патувања, саеми, обуки или деловни средби. Сето ова носи право на патни трошоци, но и обврска тие правилно да бидат пресметани и документирани.

Патни трошоци

Законски лимити и правила за патни трошоци

Патните трошоци за деловни патувања се ослободени од ПДД и придонеси до законски утврдените лимити. Над лимитот, трошоците се оданочуваат и третираат како приход.

✅ Патните трошоци до законскиот лимит (дневница, километража, реалните трошоци за транспорт и сместување) се целосно ослободени од ПДД и придонеси.

Вклучено во услугата

  • Изготвување на патни налозиПодготовка на целосна документација за секое деловно патување со сите потребни параметри
  • Пресметка на дневнициДомашни и странски дневници со точна пресметка според бројот на денови и тип на патување
  • Пресметка на километражаНадомест за употреба на сопствен автомобил
  • Реални трошоци за транспортАвионски карти, воз, јавен превоз - со приложена документација/фискална сметка
  • Ноктевање и останати трошоциХотел, паркинг, патарина, виза - до законски лимит, без оданочување
  • Книговодствена обработкаПравилно книжење на патните трошоци во сметководствените книги согласно стандардите
Зошто Александар.АК

Комплетна поддршка за патни трошоци

Патните трошоци често изгледаат како мала административна работа. Но, токму тука инспекциите најчесто наоѓаат проблем. Затоа работиме системски.

Патни налози

Изготвуваме целосна документација - налог, пресметка и потврда за секое деловно патување.

Законска усогласеност

Пресметката е во согласност со Законот за работни односи и важечките лимити.

Даночна ефикасност

Патните трошоци до лимит не се оданочуваат. Советуваме за оптимална структура.

Меѓународни патувања

Странски дневници со EUR конверзија и законски лимити за сите дестинации.

Сметководствена обработка

Правилно книжење на патните трошоци во сметководствените книги согласно МСФИ.

Дигитален пристап

Преку АК Дигитал имате дигитален пристап до историјата на патните налози и пресметките.

Прашања

Прашања за патни трошоци

Имате прашања за патните трошоци? Проверете ги најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти.

Дали патните трошоци се оданочуваат?+
Не. Патните трошоци до законскиот лимит се ослободени од ПДД и придонеси. Над лимитот подлежат на оданочување.
Каква документација е потребна за патни трошоци?+
Потребен е патен налог со основни податоци за патувањето (цел, дестинација, датуми, километри), приложени фискални сметки за реалните трошоци (гориво, хотел, карти) и пресметка на дневницата.
Може ли патните трошоци да ги добие и управителот на фирмата?+
Да. Управителот, членовите на управниот одбор и вработените можат да добиваат патни трошоци до законскиот лимит без оданочување, при услов да постои деловна цел и соодветна документација.
Истражете повеке

Останати услуги

Сите услуги →

Сметководство

Нашиот лиценциран и искусен тим се грижи за финансиските извештаи, законските обврски и целокупната сметководствена сигурност на Вашата фирма.

Даночно советување

Доброто даночно планирање значи помал ризик и подобри деловни одлуки. Ние Ви помагаме со советување, оптимизација и навремено исполнување на сите обврски.

Пресметка на плати

Навремена и точна исплата на плати е важна и за Вашите вработени и за Вашата фирма. Ние ја подготвуваме целата потребна документација, пресметка на придонеси и административни постапки поврзани со платниот список.

Е-ПДД

Подготовка и навремено поднесување на Е-ПДД пријави за личен доход, хонорари, фриленс приходи и други даночни обврски, целосно усогласено со законските прописи.

Административни услуги

Нудиме помош и правни совети за сите Ваши административни работи: фактурирање, архивирање, документација, пријава и одјава на вработени.

Подготвени да започнете со Александар.АК?

Сѐ што му треба
на Вашиот бизнис на едно место

Добијте понуда за сметководство, отворете фирма или побарајте совет од нашите експерти брзо и едноставно.