Сметководственото биро Александар-АК располага со професионален и лиценциран сметководствен тим, присутен во сферата на услуги на македонскиот и на меѓународниот пазар. Ви носиме висока и експертска услуга за сите потреби за Вашиот бизнис.
Финансиските прегледи и извештаи базирани на сметководствените состојби на Вашата компанија се од огромно значење за носење на квалитетни инвестициски и менаџмент одлуки. Ние се грижиме тоа да биде лесно и едноставно.
Во палетата на нашите сметководствени услуги нудиме:
- архивирање на документи согласно правилникот за архивски знаци
- книговодство и ревизија
- девизно работење
- изработка на даночни пријави и даночно консултирање
- изработка на плати
- пријава и одјава на работници
- стручна помош во областа на трудовото право
- помош во изработка на разни договори согласно законот за Облигациони односи
Достапни сме со постојана консалтинг поддршка. Нашето постојано следење на состојбите во македонскиот банкарски и бизнис сектор ќе Ви обезбеди вредни информации кои ќе бидат од значење за Вашите менаџмент одлуки поврзани со пазарните движења. Ние нудиме на едно место сѐ што е потребно за квалитетно работење на компаниите – сметководство, право, финансии, консалтинг.