Во текот на своето долгогодишно постоење, го развивме даночното советување како посебна гранка. Правилното менаџирање на даноците е клуч за успешно работење на Вашата компанија.
Во текот на своето долгогодишно постоење и практично искуство, го развивме даночното советување како посебна гранка во своето работење. Правилното менаџирање на даноците е од особена важност за правилно функционирање на компанијата.
Со нашиот консалтинг за даноци, помагаме на клиентите да имаат јасна слика за плаќањата на своите даноци. Истовремено, помагаме и во нивно планирање и оптимизација, легално и стручно.
Македонскиот даночен систем побарува запазување на сметководствените принципи. Секогаш сме во постојана комуникација со сите релевантни државни институции, со цел да обезбедиме висок квалитет на даночниот консалтинг.
Пресметка, поднесување ДДВ-04 пријава и ДДВ регистрација. Стапки: 18% стандардна, 5% намалена.
Пресметка на корпоративниот данок (10%), поднесување ДБ образец и авансни уплати.
ПДД за физички лица, договори за дело, хонорари и останати облици на доход.
Даночни обврски поврзани со недвижнини, земјиште и останат имот.
Примена на договори за избегнување двојно оданочување и прекугранични трансакции.
Легални стратегии за намалување на даночниот товар и максимизирање на одбитоците.
Добијте понуда за сметководство, отворете фирма или побарајте совет од нашите експерти брзо и едноставно.
Побарајте понудаПравилното управување со даноците не е само законска обврска. Тоа е стратешка предност за Вашиот бизнис.
Постојано следење на измените во даночното законодавство.
Легални стратегии за намалување на даночниот товар и максимизирање на даночните одбитоци и олеснувања.
Секој клиент добива личен советник кој ги познава спецификите на неговиот бизнис и даночната ситуација.
Подготовка на сета потребна документација - пријави, одлуки, договори и решенија за даночни цели.
Никогаш нема доцнења на роковите. ДДВ пријави, ДБ образец, авансни уплати се секогаш на време.
Работиме со странски компании и примена на договорите за избегнување двојно оданочување.
Структуриран пристап за максимална ефикасност и минимален даночен ризик.
Детален преглед на тековните даночни обврски, ризици и можности за оптимизација.
Изработка на план за управување со даноците - краткорочно и долгорочно планирање.
Поднесување пријави, документација и комуникација со УЈП во Ваше име.
Континуирано следење на даночната состојба и ажурирање при законски промени.
Имате прашања за даноците? Проверете ги најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти.
Брза ориентациона пресметка на ДДВ или данок на добивка според важечките македонски стапки.
Ориентациона пресметка. За точни даночни обврски консултирајте се со нашиот тим.
Ориентациона пресметка. Конечната обврска зависи од детален увид во даночната состојба.
Нашиот лиценциран и искусен тим се грижи за финансиските извештаи, законските обврски и целокупната сметководствена сигурност на Вашата фирма.
Навремена и точна исплата на плати е важна и за Вашите вработени и за Вашата фирма. Ние ја подготвуваме целата потребна документација, пресметка на придонеси и административни постапки.
Подготовка и навремено поднесување на Е-ПДД пријави за личен доход, хонорари, фриленс приходи и други даночни обврски, целосно усогласено со законските прописи.
Пресметка и евиденција на патни трошоци, дневници и службени патувања, со целосна документација и усогласеност со важечките законски регулативи.
Нудиме помош и правни совети за сите Ваши административни работи: фактурирање, архивирање, документација, пријава и одјава на вработени.
Добијте понуда за сметководство, отворете фирма или побарајте совет од нашите експерти брзо и едноставно.