Повеќе од 25 години градење на доверба, знаење и партнерства со компании од сите индустрии и големини.
Од мало биро до комплетен финансиски архитект
Приказната на Александар.АК започнува во далечната 1999-та година. Стартувавме како мало сметководствено биро, фокусирајќи се на мали локални фирми, за веќе во наредните години да успееме да ги поместиме границите на своето работење, а во исто време и да формираме можности за преземање и водење на поголеми македонски и интернационални фирми. Се проширивме и во консалтинг услугите.
Нашата цел е секогаш иста - да ги претставуваме финансиските интереси на нашите клиенти со истата грижа со која би ги претставувале своите.
Денес, Александар.АК може да одговори на барањата на пазарот како комплетно сметководствено решение за Вашиот бизнис, односно можеме да претставуваме Ваш финансиски архитект. За Вашите потреби, можеме да обезбедиме комплетна сметководствена услуга, даночни консултации, пресметка на плати, помош во отворање на бизнис, финансиски консалтинг, трговско посредување, како и правни и советодавни услуги во областа на стопанското работење.