Александар.АК

+389 70 360 766
info@aleksandarak.mk
Пон–Саб 07:30–16:30
МК
EN

Пресметка
на плати

Точна, навремена и законски усогласена пресметка на плати за Вашите вработени. Секој месец, без грижи и административен товар за Вашиот тим.

Брзи информации
Намена
За сите типови вработени
Рок
Пред крај на секој месец
Усогласеност
Закон за работни односи на МК
Придонеси
ПИО, здравство, АВРМ, стаж
Локација
ул. 1614 бр. 4/5, Скопје

Професионална пресметка на плати за Вашата компанија

Пресметката на плати е една од најважните обврски на секој работодавач. Таа бара точност, навремена обработка и постојано следење на законските измени. Доволна е една грешка за да се создадат проблеми со институциите или недоверба кај вработените.

Со Александар.АК, добивате сигурен процес во кој платите, придонесите и даночните обврски се пресметуваат прецизно и навремено, без административен товар за Вашиот тим.

Вашите вработени ја добиваат платата точно на време, а Вие добивате мирна работа без доцнења, казни и непотребни административни грижи.

Зошто компаниите ни ја доверуваат пресметката на плати?

Придонеси, персонален данок, минимална плата, боледувања, прекувремена работа, годишни одмори, законски рокови - сето ова бара постојано следење и точна примена.

Ние не правиме само пресметка. Обезбедуваме целосна законска усогласеност, сигурност и стабилен процес што функционира секој месец, без изненадувања.

Што е вклучено во услугата?

  • Пресметка на бруто и нето платаТочна пресметка на плата, придонеси и персонален данок за секој вработен, според важечките законски прописи.
  • Платни листи за вработенитеПодготовка и достава на платни листи во дигитална или хартиена форма, јасно и навремено.
  • Пријава на придонеси (ПИО, ЗЗО, АВРМ)Поднесување на придонеси за пензиско, здравствено осигурување и АВРМ, без ризик од пропусти.
  • Персонален данок на доход (ПДД)Пресметка и поднесување на ПДД согласно актуелните законски стапки и рокови.
  • Боледувања и дополнителни надоместоциПресметка на боледувања, прекувремена работа, ноќна работа, регрес и останати додатоци кон плата.
  • Годишни пресметки и извештаиПодготовка на годишни даночни картички, извештаи и документација за секој вработен.
  • Пријава и одјава на вработениПодготовка и поднесување на целата документација при ново вработување или прекин на работен однос.
  • Следење на годишни одмориЕвиденција на искористени денови, преостанати одмори и соодветни пресметки.
Услугата ја користат компании од сите сектори
💻 ИТ компании
🛒 Трговија
🏗️ Градежништво
🍽️ Угостителство
🚛 Транспорт
🏭 Производство
📣 Маркетинг
🌍 Меѓународни
🏥 Здравство
Наш пристап

Повеке од обична пресметка на плати

Платниот список не е само бројка на крајот од месецот. Тој е дел од стабилноста на Вашиот бизнис и довербата што ја градите со Вашите вработени.

Законска усогласеност

Постојано ги следиме измените во законите, придонесите и даночните обврски. Вие не мора да мислите на тоа.

Навременост

Платите се подготвени пред рокот, без доцнења и без стрес. Вашите вработени добиваат плата навремено, секој пат.

Дигитални платни листи

Побрза достава и подобра организација без непотребна хартија, директно до секој вработен.

Пристап во реално време

Преку АК Дигитал, сите информации и документи се достапни кога Ви се потребни, во секое време.

HR организација

Следење на договори, боледувања, одмори и промени во работниот однос, централизирано на едно место.

Безбедност на податоци

Личните податоци на вработените се обработуваат доверливо и безбедно, со највисоко ниво на заштита.

Месечен процес

Како функционира секој месец

Процесот е едноставен, јасен и предвидлив — без доцнења и без административен хаос.

1

Ни ги доставувате податоците

Промени, нови вработувања, боледувања, прекувремени или годишни одмори.

2

Ние ја правиме пресметката

Нашиот тим ги обработува сите податоци и ги подготвува платите и придонесите.

3

Вие одобрувате

Пред исплатата, добивате јасен преглед за проверка и потврда.

4

Исплата и поднесување

Платите се реализираат, а придонесите и ПДД се поднесуваат навремено до институциите.

Прашања

Најчесто поставувани прашања

Имате прашања за пресметката на плати? Проверете ги најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти.

До кој датум мора да се исплати платата?+
Според Законот за работни односи, платата се исплаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, освен ако со колективен договор не е поинаку определено.
Дали секој вработен мора да добие платна листа?+
Да. Работодавачот има обврска да обезбеди платна листа за секој вработен, со јасен приказ на бруто плата, придонеси, данок и нето износ.
Колку изнесуваат придонесите во Македонија?+
Вкупните придонеси изнесуваат 28% од бруто платата: ПИО 18,80% + здравство 7,50% + невработеност 1,20% + повреда/проф. заболување 0,50%. Персоналниот данок е 10% на оданочлив доход (по одбивање на лично ослободување од 10.932 ден).
Дали пресметувате и хонорарни исплати?+
Да. Освен редовни плати, вршиме и пресметка за договори на дело, авторски договори и други видови надоместоци, согласно законските обврски.
Што ако има боледување во текот на месецот?+
Боледувањата влијаат на пресметката на платата. Во зависност од времетраењето и основот, дел од надоместокот е на товар на работодавачот, а дел може да биде на товар на ФЗО. Ние ги обработуваме сите случаи.
Дали работите со компании со странски вработени?+
Да. Имаме искуство со пресметка на плати за странски државјани и компании со меѓународна структура, вклучувајки специфичности поврзани со оданочување и документација.
Дали може да се пресметува плата за директор без редовно вработување?+
Во зависност од правната форма и статусот на лицето, постојат различни законски решенија. За вакви случаи правиме индивидуална анализа според конкретната ситуација.
Дали можам да добијам проценка за вкупен трошок за нов вработен?+
Да. Пред ново вработување можеме да Ви направиме точна пресметка за бруто плата, придонеси и вкупен трошок за работодавачот. Користете го и нашиот калкулатор подолу.
Калкулатор за плати

Пресметајте ја Вашата плата

Дознајте како Вашата плата е распределена според македонските закони со нашиот бруто и нето калкулатор.

Бруто → Нето
Нето → Бруто
1 Бруто плата
Внесете бруто износот пред одбивање придонеси и данок
2 Лично ослободување
Вклучено (10.932 ден)
Без ослободување
Лична даночна олеснување за резиденти на РСМ
3 Стапки на придонеси
ПИО18,80%
Здравство7,50%
Невработеност1,20%
Повреда / проф. заболување0,50%
Данок на личен доход10% на оданочлив доход
💼 Пресметка на плата
Нето плата на работникот
Внесете бруто плата за пресметка
Придонеси (одбивка од бруто)
ПИО (18,80%)
Здравство (7,50%)
Невработеност (1,20%)
Повреда / проф. заб. (0,50%)
Вкупно придонеси
Пресметка на данок
Бруто − придонеси
Лично ослободување
Даночна основа
Данок на личен доход (10%)
Вкупно придонеси + данок
НЕТО плата

Ориентациона пресметка според важечките стапки. За точна пресметка со специфики (боледување, прекувремено, хонорар) контактирајте нѐ.

Подготвени да започнете со Александар.АК?

Сѐ што му треба
на Вашиот бизнис на едно место

Добијте понуда за сметководство, отворете фирма или побарајте совет од нашите експерти брзо и едноставно.