Александар.АК

+389 70 360 766
info@aleksandarak.mk
Пон–Саб 07:30–16:30
МК
EN
Дома Услуги Отворање фирма
Брза регистрација · Целосна поддршка

Отворете фирма во Македонија за само 3 дена

Ние го водиме целиот процес! Отворете фирма за само 3 работни дена со целосна поддршка за регистрација.

🏛️
25+Години искуство
🤝
1000+Отворени фирми
3 денаПросечен рок
Барање за регистрација
Пополнете ги податоците за Вашата нова фирма.

    Процесот на отворање фирма

    Од идеја до активна фирма за 3 дена

    Секој чекор од процесот е под наша контрола, без непотребни административни обврски за Вас.

    1
    Ден 1

    Консултација

    Разговор и асистенција за одредување на тип на бизнис, правна форма и шифра на дејност.

    Бесплатно
    2
    Ден 2

    Документи

    Интегрирана онлајн форма за сите потребни информации, како и припрема на документи за основачки акти и документи за отворање на фирма.

    Заедничка соработка
    3
    Ден 2

    Регистрација

    Поднесување на решение за упис до Централен регистар.

    Ние го правиме
    4
    Ден 3

    ДДВ регистрација

    Поднесување на потребните документи за доброволна ДДВ регистрација до УЈП.

    Ние го правиме
    5
    Ден 3

    Активна фирма!

    Вашата фирма може да работи. Ние продолжуваме со сметководствените активности.

    Готово! 🎉
    Правни форми

    Кој тип на фирма е вистинскиот за Вас?

    Секоја фирма треба да започне со вистински начин на функционирање. Погледнете ги трите најчести форми на деловни субјекти во Македонија и дознајте која најмногу одговара на Вашиот бизнис. Ако не сте сигурни, заедно ќе го пронајдеме најдоброто решение.

    Најпопуларен избор

    ДООЕЛ — Друштво со ограничена одговорност (едно лице)

    ДООЕЛ е најчестиот избор за луѓе кои сакаат самостојно да започнат сопствен бизнис во Македонија. Оваа форма е особено погодна ако сакате целосна контрола врз работењето, а воедно и заштита на личниот имот.

    Како единствен основач, можете истовремено да бидете и управител на фирмата, што го прави процесот поедноставен и пофлексибилен. Најважно е што одговорноста е ограничена на имотот на компанијата, што значи дека Вашиот личен имот останува заштитен.

    Основачи
    1 лице
    Минимален влог
    5.000 евра
    Одговорност
    Само имот на фирмата
    Рок за регистрација
    3 работни дена

    Предности и карактеристики

    • Заштита на личен имот на основачот
    • Едноставна управувачка структура
    • Лесен трансфер на сопственост
    • Погодно за привлекување инвестиции
    • Може да вработува неограничен број лица
    • Поволен даночен третман
    • Не може да има повеќе основачи
    • Потребен почетен капитал (5.000 EUR)
    За повеќе партнери

    ДОО — Друштво со ограничена одговорност

    ДОО е идеален избор кога двајца или повеќе партнери сакаат заедно да започнат и развиваат бизнис. Оваа форма овозможува секој основач да има свој удел во компанијата, во зависност од вложениот капитал и договорената сопственост.

    Најчесто се избира кога постои заедничка бизнис идеја, а партнерите сакаат јасно да ги дефинираат своите улоги, права и одговорности уште од самиот почеток. Освен тоа, како и кај ДООЕЛ, личниот имот на основачите останува заштитен, бидејќи одговорноста е ограничена на имотот на фирмата.

    Основачи
    2 или повеќе лица
    Минимален влог
    5.000 евра
    Одговорност
    Само имот на фирмата
    Рок за регистрација
    3–5 работни дена

    Предности и карактеристики

    • Идеален за бизнис партнерства
    • Заштита на личниот имот на сите партнери
    • Јасно дефинирани удели во сопственоста
    • Може да привлекува надворешни инвеститори
    • Флексибилна управувачка структура
    • Потребен договор меѓу содружниците
    • Поголема административна сложеност
    • Потребен почетен капитал (5.000 EUR)
    За занаетчии и фриленсери

    Трговец поединец (ТП)

    ТП е наједноставниот и најбрз начин да започнете сопствена деловна активност. Оваа форма е наменета за физички лица кои самостојно вршат дејност, без потреба од основачки капитал и без сложена административна структура.

    Најчесто ја избираат занаетчии, уметници, консултанти, фриленсери и мали бизниси кои сакаат побрзо да започнат со работа. Важно е да се знае дека кај ТП, сопственикот одговара со својот личен имот, па оваа форма е најсоодветна за помали и поедноставни деловни активности.

    Основачи
    1 физичко лице
    Минимален влог
    Нема / 0 МКД
    Одговорност
    Личен + деловен имот
    Рок за регистрација
    1–3 работни дена

    Предности и карактеристики

    • Без потреба за почетен капитал
    • Наједноставна и најбрза регистрација
    • Минимална административна обврска
    • Погоден за мала и индивидуална дејност
    • Нема задолжителна ревизија
    • Неограничена лична одговорност
    • Потешко привлекување инвестиции
    • Не може да има содружници
    Потребни документи

    Кои документи се потребни за отворање фирма?

    За да започнеме со постапката за отворање на Вашата фирма, потребни се само неколку основни документи од Ваша страна. Сè останато — подготовка, формулари и административна постапка — го преземаме ние.

    Проверете кои документи веќе ги имате подготвено, а за останатото ќе се погрижиме заедно.

    Напомена

    Документите означени со ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да ги обезбедите Вие. Сите останати ги подготвуваме ние.

    Аплицирајте сега →
    Лична карта или пасошПотребен е важечки документ за лична идентификација на основачот или управителот на фирмата.
    Задолжително
    Адреса на седиштето на фирматаПотребно е да се наведе адресата каде што ќе биде регистрирана фирмата, со соодветен доказ како имотен лист, договор за закуп или поседовен лист.
    Задолжително
    Предлог назив на компанијатаПодгответе 2 до 3 предлог имиња за Вашата фирма, по приоритет. Најмалку едно од нив треба да биде слободно за регистрација во Централниот регистар.
    Задолжително
    Опис на дејностаКратко објаснување со што ќе се занимава фирмата (на пример: трговија, ИТ услуги, угостителство, консалтинг и слично).
    Задолжително
    Уплата на основачки влог (5.000 EUR)За ДООЕЛ и ДОО потребна е потврда за уплата на основачкиот капитал во банка. Кај Трговец поединец (ТП), ова не е потребно.
    Задолжително
    Основачки акт и статутОвој дел го подготвуваме целосно ние, врз основа на информациите што ќе ни ги доставите.
    Го правиме ние
    Пријава до Централен регистарЈа подготвуваме и поднесуваме целата документација за регистрација во Централниот регистар, без дополнителни обврски за Вас.
    Го правиме ние
    Даночна регистрација (ЕДБ број)Го водиме целиот процес за регистрација во УЈП и обезбедување на ЕДБ број за Вашата фирма.
    Го правиме ние
    Асистенција при отворање банкарска сметкаВи помагаме при избор на банка и подготовка на потребната документација за отворање на деловна сметка.
    Го правиме ние
    Документи подготвени0 / 5 потребни

    Штом основните документи се подготвени, целиот понатамошен процес го преземаме ние: брзо, сигурно и без непотребно губење време.

    Зошто Александар.АК?

    Не сме тука само за регистрација, туку за целиот развој на Вашиот бизнис!

    Отворањето на фирма е само првиот чекор. По регистрацијата, продолжуваме да Ви бидеме поддршка со сметководство, даночно советување, пресметка на плати и секојдневни административни обврски.

    Наместо постојано да барате нови соработници за различни услуги, добивате еден сигурен партнер кој го познава Вашиот бизнис од самиот почеток и расте заедно со Вас.

    25

    Години искуство

    Од 199-та година, со 1000+ успешно отворени компании во Македонија.

    3

    Дена просечен рок

    Брза и ефикасна регистрација на фирми, во рок од само 3 работни дена.

    0

    Грешки во процесот

    Лиценциран тим кој секојдневно ги следи промените во регулативата и процедурите.

    Долгорочна поддршка

    По регистрацијата продолжуваме со сметководство, даноци, плати и консалтинг.

    Прашања

    Најчесто поставувани прашања

    Сосема е нормално да имате дополнителни прашања пред да започнете со отворање на фирма. Ги издвоивме најчестите дилеми што ги имаат нашите клиенти, за да Ви помогнеме полесно и посигурно да ја донесете вистинската одлука.

    Доколку не го пронајдете одговорот што Ви е потребен, нашиот тим е секогаш достапен за консултација и поддршка.

    Аплицирајте сега
    Колку чини отворањето на фирма вкупно?+
    Вкупната цена зависи од типот на фирмата што сакате да ја отворите (ДООЕЛ, ДОО или ТП), како и од тоа дали е потребен основачки влог. Освен нашата услуга, постојат и државни такси за регистрација во Централниот регистар и други административни трошоци. Кај ДООЕЛ и ДОО, основачкиот капитал изнесува минимум 5.000 евра, но тие средства остануваат на сметката на фирмата и се користат за работење.
    Дали мора физички да присуствувам на регистрацијата?+
    Во најголем дел од процесот, Вашето физичко присуство не е потребно. Потребно е само потпишување на одредени документи, како основачкиот акт, нотарска заверка кога е потребно и евентуално присуство при отворање банкарска сметка, во зависност од банката. Сè останато го организираме и водиме ние.
    Може ли странски државјанин да отвори фирма во Македонија?+
    Да, странски државјани можат да отворат фирма во Македонија. Постапката е слична, но најчесто вклучува дополнителна документација како заверени документи, апостил и превод од овластен судски преведувач. Во вакви случаи, процесот може да трае малку подолго.
    Кој е минималниот капитал за ДООЕЛ и ДОО?+
    За ДООЕЛ и ДОО, минималниот основачки капитал согласно Законот за трговски друштва изнесува 5.000 евра во денарска противвредност. Овие средства не се трошок, туку тие остануваат на деловната сметка на фирмата и може да се користат за редовно работење.
    Дали треба да имам канцеларија за адреса на фирмата?+
    Не е задолжително да имате класична канцеларија. Фирмата може да се регистрира и на домашна адреса, доколку постојат услови за тоа, или на деловен простор под закуп. Важно е да постои валиден доказ за користење на адресата.
    Мора ли да вработам луѓе веднаш по отворањето?+
    Не, не мора. Можете да започнете со работа и без вработени. Ако сте единствен основач и управител на ДООЕЛ, постојат обврски поврзани со социјално осигурување, но не постои законска обврска веднаш да вработувате дополнителен персонал.
    Колку трае отворање фирма?+
    Вообичаено, отворањето на фирма трае од 3 до 7 работни дена, зависно од типот на фирмата и брзината на обезбедување на потребната документација. Кај Трговец поединец (ТП), процесот често е побрз, додека кај ДООЕЛ и ДОО може да потрае малку повеќе поради дополнителните чекори.
    Колку чини месечно сметководство?+
    Месечната цена за сметководство зависи од обемот на работа, бројот на фактури, бројот на вработени и видот на дејноста. Помалите фирми обично имаат пониски трошоци, додека компании со поголем обем на работа имаат посеопфатна сметководствена услуга. Најточна цена се добива по кратка консултација.
    Кога е задолжителна ДДВ регистрација?+
    ДДВ регистрација станува задолжителна кога фирмата ќе го надмине законскиот праг за промет утврден според важечките прописи во Македонија. Во одредени случаи, регистрацијата може да биде и доброволна, ако тоа е поповолно за работењето. Затоа е важно навремено даночно советување.
    Дали можам да отворам фирма ако сум веќе вработен?+
    Да, можете. Во Македонија, физичко лице може да биде вработено и истовремено да биде сопственик на фирма. Сепак, зависно од структурата на фирмата и Вашиот статус, постојат различни обврски за придонеси и управување, па затоа е добро претходно да се направи правилна проценка.
    Истражете повеќе

    Останати услуги

    Сите услуги →

    Сметководство

    Нашиот лиценциран и искусен тим се грижи за финансиските извештаи, законските обврски и целокупната сметководствена сигурност на Вашата фирма.

    Даночно советување

    Доброто даночно планирање значи помал ризик и подобри деловни одлуки. Ние Ви помагаме со даночно советување, оптимизација и навремено исполнување на сите обврски.

    Пресметка на плати

    Навремена и точна исплата на плати е важна и за Вашите вработени и за Вашата фирма. Ние ја подготвуваме целата потребна документација, пресметка на придонеси и административни постапки поврзани со платниот список.

    Е-ПДД

    Подготовка и навремено поднесување на Е-ПДД пријави за личен доход, хонорари, фриленс приходи и други даночни обврски, целосно усогласено со законските прописи.

    Патни трошоци

    Пресметка и евиденција на патни трошоци, дневници и службени патувања, со целосна документација и усогласеност со важечките законски регулативи.

    Подготвени да започнете?

    Отворете ја Вашата фирма денес

    Без непотребни компликации, изгубено време и административен стрес. Испратете ни барање, а нашиот тим ќе Ве контактира веднаш со јасни насоки и конкретна понуда, прилагодена на Вашите потреби.