Ние го водиме целиот процес! Отворете фирма за само 3 работни дена со целосна поддршка за регистрација.
Секој чекор од процесот е под наша контрола, без непотребни административни обврски за Вас.
Разговор и асистенција за одредување на тип на бизнис, правна форма и шифра на дејност.
БесплатноИнтегрирана онлајн форма за сите потребни информации, како и припрема на документи за основачки акти и документи за отворање на фирма.
Заедничка соработкаПоднесување на решение за упис до Централен регистар.
Ние го правимеПоднесување на потребните документи за доброволна ДДВ регистрација до УЈП.
Ние го правимеВашата фирма може да работи. Ние продолжуваме со сметководствените активности.
Готово! 🎉Секоја фирма треба да започне со вистински начин на функционирање. Погледнете ги трите најчести форми на деловни субјекти во Македонија и дознајте која најмногу одговара на Вашиот бизнис. Ако не сте сигурни, заедно ќе го пронајдеме најдоброто решение.
ДООЕЛ е најчестиот избор за луѓе кои сакаат самостојно да започнат сопствен бизнис во Македонија. Оваа форма е особено погодна ако сакате целосна контрола врз работењето, а воедно и заштита на личниот имот.
Како единствен основач, можете истовремено да бидете и управител на фирмата, што го прави процесот поедноставен и пофлексибилен. Најважно е што одговорноста е ограничена на имотот на компанијата, што значи дека Вашиот личен имот останува заштитен.
ДОО е идеален избор кога двајца или повеќе партнери сакаат заедно да започнат и развиваат бизнис. Оваа форма овозможува секој основач да има свој удел во компанијата, во зависност од вложениот капитал и договорената сопственост.
Најчесто се избира кога постои заедничка бизнис идеја, а партнерите сакаат јасно да ги дефинираат своите улоги, права и одговорности уште од самиот почеток. Освен тоа, како и кај ДООЕЛ, личниот имот на основачите останува заштитен, бидејќи одговорноста е ограничена на имотот на фирмата.
ТП е наједноставниот и најбрз начин да започнете сопствена деловна активност. Оваа форма е наменета за физички лица кои самостојно вршат дејност, без потреба од основачки капитал и без сложена административна структура.
Најчесто ја избираат занаетчии, уметници, консултанти, фриленсери и мали бизниси кои сакаат побрзо да започнат со работа. Важно е да се знае дека кај ТП, сопственикот одговара со својот личен имот, па оваа форма е најсоодветна за помали и поедноставни деловни активности.
За да започнеме со постапката за отворање на Вашата фирма, потребни се само неколку основни документи од Ваша страна. Сè останато — подготовка, формулари и административна постапка — го преземаме ние.
Проверете кои документи веќе ги имате подготвено, а за останатото ќе се погрижиме заедно.
Документите означени со ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да ги обезбедите Вие. Сите останати ги подготвуваме ние.
Штом основните документи се подготвени, целиот понатамошен процес го преземаме ние: брзо, сигурно и без непотребно губење време.
Отворањето на фирма е само првиот чекор. По регистрацијата, продолжуваме да Ви бидеме поддршка со сметководство, даночно советување, пресметка на плати и секојдневни административни обврски.
Наместо постојано да барате нови соработници за различни услуги, добивате еден сигурен партнер кој го познава Вашиот бизнис од самиот почеток и расте заедно со Вас.
Од 199-та година, со 1000+ успешно отворени компании во Македонија.
Брза и ефикасна регистрација на фирми, во рок од само 3 работни дена.
Лиценциран тим кој секојдневно ги следи промените во регулативата и процедурите.
По регистрацијата продолжуваме со сметководство, даноци, плати и консалтинг.
Сосема е нормално да имате дополнителни прашања пред да започнете со отворање на фирма. Ги издвоивме најчестите дилеми што ги имаат нашите клиенти, за да Ви помогнеме полесно и посигурно да ја донесете вистинската одлука.
Доколку не го пронајдете одговорот што Ви е потребен, нашиот тим е секогаш достапен за консултација и поддршка.
Нашиот лиценциран и искусен тим се грижи за финансиските извештаи, законските обврски и целокупната сметководствена сигурност на Вашата фирма.
Доброто даночно планирање значи помал ризик и подобри деловни одлуки. Ние Ви помагаме со даночно советување, оптимизација и навремено исполнување на сите обврски.
Навремена и точна исплата на плати е важна и за Вашите вработени и за Вашата фирма. Ние ја подготвуваме целата потребна документација, пресметка на придонеси и административни постапки поврзани со платниот список.
Подготовка и навремено поднесување на Е-ПДД пријави за личен доход, хонорари, фриленс приходи и други даночни обврски, целосно усогласено со законските прописи.
Пресметка и евиденција на патни трошоци, дневници и службени патувања, со целосна документација и усогласеност со важечките законски регулативи.
Без непотребни компликации, изгубено време и административен стрес. Испратете ни барање, а нашиот тим ќе Ве контактира веднаш со јасни насоки и конкретна понуда, прилагодена на Вашите потреби.