Александар.АК

+389 70 360 766
info@aleksandarak.mk
Пон–Саб 07:30–16:30
МК
EN
ДомаЗа нас
Вашиот финансиски архитект · Од 1999 година

Приказната на
Александар.АК

Започнавме во 1999-та година како мало сметководствено биро. Денес сме комплетно сметководствено решение за над 300 македонски и меѓународни компании.

25+
Години на пазарот
300+
Задоволни клиенти
10+
Лиценцирани сметководители
Глобално
Домашни и меѓународни клиенти
1999
Основана
Нашата историја

Повеќе од 25 години градење на доверба, знаење и партнерства со компании од сите индустрии и големини.

Од мало биро до комплетен финансиски архитект

Приказната на Александар.АК започнува во далечната 1999-та година. Стартувавме како мало сметководствено биро, фокусирајќи се на мали локални фирми, за веќе во наредните години да успееме да ги поместиме границите на своето работење, а во исто време и да формираме можности за преземање и водење на поголеми македонски и интернационални фирми. Се проширивме и во консалтинг услугите.

Нашата цел е секогаш иста - да ги претставуваме финансиските интереси на нашите клиенти со истата грижа со која би ги претставувале своите.

Денес, Александар.АК може да одговори на барањата на пазарот како комплетно сметководствено решение за Вашиот бизнис, односно можеме да претставуваме Ваш финансиски архитект. За Вашите потреби, можеме да обезбедиме комплетна сметководствена услуга, даночни консултации, пресметка на плати, помош во отворање на бизнис, финансиски консалтинг, трговско посредување, како и правни и советодавни услуги во областа на стопанското работење.

Мисија

Да овозможиме најдобра можна сметководствена грижа за нашите клиенти

Секој клиент заслужува сметководствен партнер кој ги разбира неговите специфики, го следи неговиот раст и му ги нуди вистинските совети во вистинското време. Тоа е целта кон која се стремиме секој ден.

Визија

Да изградиме компанија каде клиентите добиваат висока експертиза и сигурност

Нашата визија е Александар.АК да стане синоним за доверба во македонскиот деловен свет - биро кое напредува паралелно со своите клиенти и им овозможува да го достигнат својот највисок потенцијал.

Нашите предности

Зошто над 300 бизниси нè избраа нас

01

25+ години на пазарот

Ние постоиме како сметководствено биро над 25 години, со што сме присутни на пазарот речиси во целокупниот процес на создавањето на сметководство во Македонија како независна држава.

02

Доверба на 300+ клиенти

Александар.АК ја доби довербата на повеќе од 300 клиенти, во општество на отворена конкуренција. Овој успех за нас претставува сертификат доделен од клиентите за нашата професионална услуга и доверба.

03

Секаков вид на бизниси

Специјализирани сме за водење на секаков вид на бизниси, независно од големината и дејноста во која истите тие делуваат.

04

Дигитално сметководство

Преку дигиталното сметководство овозможуваме секоја компанија да ги води своите сметководствени активности онлајн.

05

Аутсорсинг надвор од Македонија

Даваме аутосорсинг услуги за консалтинг и сметководство на компании надвор од нашите граници. Софистицирани сме електронски за да Ви ја пружиме идеалната поддршка при ширење на Вашиот бизнис.

06

Консалтинг услуги

Ви нудиме дополнителни консалтинг услуги за Вашата фирма, каде што детално ги елаборираме законите кои Вас ве засегаат. Притоа, Ви овозможуваме навремено да се прилагодите на промените.

Нашите вредности

Принципи кои нѐ водат секојдневно

Ова се принципите врз кои ги градиме сите наши одлуки и односи со клиентите. Кај нас ништо не останува само на зборови, овие принципи ги докажуваме преку дела!

🎯

Прецизност

Секое книжење, секој документ се работат со максимална точност. Во финансиите нема простор за грешки, и ние тоа го знаеме подобро од кој било.

🤝

Доверба

Градиме долгорочни односи засновани на транспарентност, отворена комуникација и целосна доверливост на Вашите финансиски информации.

⏱️

Навременост

Никогаш не доцниме со рокови. Секоја пријава, секој извештај се поднесени пред законскиот рок. Вие не треба да се грижите за тоа.

💡

Иновативност

Ги следиме сите промени во законодавството и технологијата. Нудиме најсовремени решенија и секогаш остануваме еден чекор напред.

👤

Индивидуален пристап

Секој клиент е единствен. Кај нас нема шаблони, секое решение е скроено според специфичните потреби на Вашата компанија.

🌱

Партнерство

Градиме долгорочни односи кои надминуваат обична деловна соработка. Верно стоиме до нашите клиенти во добри и во предизвикувачки периоди.

Повеќе од 300 компании од Македонија и странство ни ја дадоа нивната доверба

Makpetrol
Wolt
DHL
Panteleon GS
Osa
Кафанче
Подготвени да започнете со Александар.АК?

Сè што му треба
на Вашиот бизнис на едно место

Добијте понуда за сметководство, отворете фирма или побарајте совет од нашите експерти брзо и едноставно.