Сметководственото биро Александар.АК учествуваше како партнер на Саемот за дигитализација, сметководствени софтвери и AI алатки во рамките на 3-та Регионална конференција за сметководители, организирана од Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Истиот се одржа на 6-ти мај 2026-та.
Овој настан го посетија повеќе од 1.000 учесници од финансиската индустрија, сметководствени фирми, компании и институции, како и академски експерти и лица со донесување деловни одлуки од Македонија и околните региони.
Се дискутираше за иднината на сметководството, дигиталната трансформација и иновативните AI решенија. Конференцијата се организираше под слоганот: „Генерација со визија – Професија со иднина“ и отвори важни дискусии за модернизацијата на сметководствената професија, автоматизацијата на процесите, улогата на вештачката интелигенција и потребата од поголема ефикасност, транспарентност и стратешки пристап во финансиското работење.
Во рамки на конференцијата, претставници од институции, професионални организации и деловниот сектор зборуваа за промените низ кои поминува сметководствената професија во услови на забрзана дигитализација.

Конференцијата отвори важни теми за иднината на сметководствената професија
Претседателката на ИСОС, Весна Прентоска, истакна дека сметководството денес има многу поширока улога од традиционалното евидентирање бројки, и дека професијата сè повеќе станува клучен дел од носењето деловни одлуки, градењето доверба и поддршката на компаниите во современото економско опкружување.
Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, нагласи дека вистинската вредност на дигитализацијата се гледа тогаш кога компаниите и професионалците добиваат побрзи процеси, помалку административни бариери и повеќе простор за анализа, советување и развој.
Во текот на панел-дискусиите, посебен акцент беше ставен и на:
- улогата на AI алатките во секојдневното работење,
- автоматизацијата на административните процеси,
- усогласувањето со меѓународни стандарди,
- и потребата сметководството да продолжи да се развива како модерна, дигитална и стратешка професија.

Александар.АК го претстави своето ново дигитално решение за модерно сметководство
Во рамки на саемот, Александар.АК го претстави своето ново софтверско решение за модерно и дигитално сметководство, развиено со цел да им помогне на компаниите:
- автоматизација на дел од административните и сметководствените процеси,
- поедноставување на комуникацијата со сметководителот,
- побрз пристап до финансиски информации. и документација,
- заштедување на време во секојдневните деловни активности.
Нашиот тим оствари разговор со многу компании, претприемачи и финансиски експерти за проблемите кои бизнисите ги имаат денес.
Овие предизвици ги вклучуваат административните пречки и документација, како и потребата за побрзи, поорганизирани и дигитализирани процеси.

Дигиталното сметководство повеќе не е иднина, туку реалност
Учеството на Александар.АК на овој настан претставува уште еден чекор во насока на модернизација и дигитална трансформација на сметководствените услуги во Македонија.
Како компанија со повеќе од 25 години искуство, продолжуваме активно да инвестираме во современи технологии, автоматизација и решенија кои им помагаат на компаниите да работат поефикасно, поорганизирано и со подобра финансиска контрола.
Веруваме дека иднината на сметководството лежи во комбинацијата на професионално искуство, стратешко советување и паметни дигитални алатки кои го олеснуваат секојдневното работење на компаниите.
Нашата главна цел останува иста, а тоа е да бидеме стабилен и доверлив партнер на компаниите, но со пристап кој е усогласен со современото дигитално работење и иднината на професијата.