Александар.АК

+389 70 360 766
info@aleksandarak.mk
Пон–Саб 07:30–16:30

Годишниот одмор е законско гарантирано право за работниците, но и клучен фактор за одржување на нивната продуктивност, како и менталното и физичко здравје. Како квалитетен работодавач, благосостојбата на Вашите вработени секогаш треба да Ви биде еден од врвните приоритети.

Сепак, многу вработени не се целосно информирани за своите права. Овој пост може да послужи како водич, како за работодавците, така и за вработените, за сите страни да можат подобро да разберат како функционира оваа законска регулатива.

20 минимум работни дена годишен одмор
26 максимум денови според договор
30 јуни рок за користење на вториот дел

Колку дена годишен одмор следуваат на работниците?

Сите вработени во Македонија подлежат на следните законски регулативи кога станува збор за нивниот годишен одмор:

Основни правила за годишен одмор
Правило Што значи Напомена
Минимум 20 дена Секој работник има право на најмалку 20 работни дена годишен одмор во текот на една календарска година. член 137
Максимум 26 дена Со колективен договор или договор за вработување, одморот може да биде продолжен до 26 дена. договор
Скратено работно време Вработените со скратено работно време имаат право на најмалку 10 работни дена годишен одмор. 10 дена
Пропорционален одмор Ако работникот не остварил 6 месеци непрекинат работен стаж, добива два дена годишен одмор за секој месец работа. 2 дена / месец

Дополнителни денови според одредени критериуми

Законодавството овозможува работниците да добијат дополнителни денови годишен одмор, во зависност од различни критериуми:

Работен стаж За стаж од 1 до 10 години следува дополнителен 1 ден одмор. За стаж од 10 до 20 години следуваат дополнителни 2 дена одмор. За стаж поголем од 20 години, следуваат дополнителни 2 дена одмор.
Сложеност на работата За работа со сложеност од I до III степен следува дополнителен 1 ден одмор. За IV или V степен следуваат дополнителни 2 дена одмор, а за VI или VIII степен следуваат дополнителни 3 дена одмор.
Работно место со висок ризик Дополнителни 1 до 3 дена одмор, во зависност од поединечни колективни договори во компанијата.
Социјални и здравствени околности Дополнителни денови може да следуваат за работници со инвалидитет, самохрани родители или старатели, самохрани родители на дете со посебни потреби, како и за работници над одредена возраст.
+ Социјални и здравствени околности
Околност Дополнителни денови Критериум
Работници со инвалидитет 3 дена Телесно оштетување поголемо од 60%.
Самохрани родители или старатели 3 дена Дете до 15 години.
Самохрани родители на дете со посебни потреби 4 дена Дополнителна заштита според околностите.
Работници над одредена возраст 3 дена Жени над 57 години и мажи над 59 години.

Со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група, односно на ниво на работодавач, можат да се утврдат и други критериуми со кои ќе се определува должината на траењето на годишниот одмор.

Како се користи годишниот одмор?

Користењето на годишниот одмор треба да биде јасно организирано, за работникот да го искористи своето право, а работодавачот да има континуитет во работните процеси.

Одморот може да се користи во два дела Првиот дел мора да трае најмалку 12 дена и да се искористи до крајот на годината. Вториот дел може да се искористи до 30 јуни наредната година.
Префрлување на годишен одмор Ако работникот не го искористил одморот поради боледување, породилно отсуство или нега на дете, може да го искористи во следната година, но најдоцна до 30 јуни.
Работникот не може да се откаже од годишен одмор Изјавата со која вработениот се откажува од одмор или од надомест за неискористен одмор е правно ништовна, односно не важи на суд.
Годишниот одмор се смета само за работните денови Во деновите кои вработениот ги зема за годишен одмор се сметаат само деновите во кои вработениот работи според работниот распоред кај работодавачот.

Важни права кои треба да ги знаат и работодавачите и работниците

! Права и обврски поврзани со годишен одмор
Право / обврска Што значи Зошто е важно
Решение за годишен одмор Работодавачот мора да издаде решение за годишен одмор на работникот. Со решението се утврдува колку дена има работникот за одмор и во кој временски период ќе го искористи истиот.
Еден ден по сопствена определба Работникот има право на еден ден од годишниот одмор кој сам ќе го определи. Потребно е работникот да го извести работодавачот најмалку три дена претходно.
Боледување за време на одмор Ако работникот започне боледување за време на одморот, нема право да го продолжи одморот по оздравувањето. Ова помага правилно да се планира користењето на одморот.
Неискористен годишен одмор Работодавачот е должен да му дозволи на работникот да го искористи одморот. Работникот не може да бара финансиска компензација за неискористен одмор, освен при престанок на работниот однос.

Најчести прашања за годишен одмор

Колку дена годишен одмор следуваат на работниците?

Секој работник има право на најмалку 20 работни дена годишен одмор во текот на една календарска година. Со колективен договор или договор за вработување, одморот може да биде продолжен до 26 дена.

До кога може да се искористи вториот дел од годишниот одмор?

Вториот дел од годишниот одмор може да се искористи до 30 јуни наредната година.

Дали работникот може да се откаже од годишен одмор?

Не. Изјавата со која работникот се откажува од годишен одмор или од надомест за неискористен одмор е правно ништовна.

Дали неискористен годишен одмор се исплаќа?

Работодавачот е должен да му дозволи на работникот да го искористи одморот, но неискористен годишен одмор не се исплаќа, освен при престанок на работниот однос.

Бидете информирани и транспарентни пред Вашите вработени

Како работодавач, овозможувањето праведен и транспарентен систем за користење на годишниот одмор не е само законска обврска, туку и дел од градењето на позитивна работна култура.

Кога Вашите вработени се информирани за своите права и чувствуваат дека се почитувани, тоа директно влијае на нивната долгорочна мотивација и продуктивност во Вашата компанија. Јасната комуникација спречува недоразбирања и овозможува континуитет на работните процеси без негативни последици.

Не заборавајте, задоволните вработени се основата на секој успешен бизнис!

Потребна Ви е поддршка околу годишен одмор и работни односи?

Доколку сакате консултација или информација околу законските регулативи за годишните одмори во македонските компании, сметководственото и консултативно биро Александар.АК е достапно за Вас.

Побарајте поддршка за правилно планирање, документирање и администрирање на годишниот одмор во Вашата компанија.