Александар.АК

+389 70 360 766
info@aleksandarak.mk
Пон–Саб 07:30–16:30

Агенцијата за заштита на лични податоци го донесе новиот Закон за заштита на личните податоци, како и подзаконските прописи поврзани со оваа област. Со овие измени, се врши усогласување на македонската и европската регулатива.

24 авг. рок за усогласување на работењето
офицер овластено лице за заштита на лични податоци
Агенција евиденција на збирки со висок ризик

Што е ново во законот?

Рокот за усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци започнува да важи од 24-ти август 2021, со што сите претпријатија кои вршат било каква обработка на лични податоци, мора да ги имплементираат новите измени во своето работење.

Притоа, под контролор се смета секое лице (физичко, правно, орган на државната власт, агенција или друго тело), кое самостојно или заедно со други лица ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. Обработувач на збирка на лични податоци е лице (физичко, правно, орган на државната власт, агенција или друго тело) кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Основни улоги според законот
Улога Што значи Практична напомена
Контролор Лице кое самостојно или заедно со други лица ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. цели и начин
Обработувач Лице кое ги обработува личните податоци во име на контролорот. во име на контролор
Претпријатие Под контролори и обработувачи на податоци се мисли и на секое претпријатие кое врши било каква обработка на податоци. обработка на податоци

Контролорот е должен да примени соодветни мерки дека се обработуваат само неопходните лични податоци. Во исто време може да биде и обработувач, или да ангажира обработувач во негово име.

Под контролори и обработувачи на податоци се мисли и на секое претпријатие кое врши било каква обработка на податоци.

Офицер за заштита на личните податоци

Контролорот и обработувачот се должни да определат овластено лице за заштита на личните податоци, односно офицер, кој е вклучен во сите прашања околу заштитата на податоците.

Кој може да биде офицер? Офицерот мора да биде лице со високо образование и може да ја врши функцијата и како надворешно лице.
Кој не смее да биде офицер? Офицерот не смее да биде управител на фирмата.

За да се назначи офицер, треба да се пополни „Решение за определување на офицер за заштита на личните податоци“. Меѓу другите, обврски на офицерот се:

Обврски на офицерот:
  • информирање на контролорот/обработувачот, како и вработените кои вршат обработка за нивните обврски;
  • следење на усогласеноста на законот, со други закони кои се однесуваат на оваа област;
  • изработување на интерните акти за заштита на личните податоци.

Ограничувања и заштита при обработка на лични податоци

Со новиот закон, обработката на личните податоци ќе има определени ограничувања, од типот на: цели на обработката, законски рок во кои може да се искористат податоците, мерки за корегирање или бришење на податоци, како и соодветна заштита од неовластена или незаконска обработка.

Цели на обработка Обработката треба да биде поврзана со конкретни цели.
Рокови Податоците може да се користат во законски рок.
Заштита Потребна е соодветна заштита од неовластена или незаконска обработка.

Овој закон овозможува заштита на податоците на секое физичко лице, со гарантирана заштита без никаква дискриминација на неговите лични карактеристики.

Што треба задолжително да се направи?

Секој обработувач на лични податоци мора да се регистрира на Агенцијата за заштита на личните податоци во делот „Евиденција на збирки со висок ризик“.

Најава и регистрација По кликање на копчето „Најава“ и „Регистрирајте се овде“, ги пополнувате сите потребни полиња и ги потврдувате податоците.
Потврда преку имејл Потоа, ќе добиете имејл порака за конфирмација, по што се најавувате на страната на Агенцијата.
Печатење и достава Оттука, ќе треба да се испечати Конфирмациското писмо од сајтот, и истото да се потпише и завери со печат.
Доставување документи Заедно со Решението за назначување на офицер, документите треба да се достават до бул. Гоце Делчев бр. 18, 1000 Скопје, или info@privacy.mk.

Прочитајте го детално новиот Закон за заштита на лични податоци.

Најчести прашања за Законот за заштита на лични податоци

Кога започнува рокот за усогласување?

Рокот за усогласување на работењето на контролорите и обработувачите на лични податоци започнува да важи од 24-ти август 2021.

Кој се смета за контролор?

Контролор е лице кое самостојно или заедно со други лица ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.

Кој се смета за обработувач?

Обработувач е лице кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Дали офицерот може да биде управител на фирмата?

Не. Офицерот не смее да биде управител на фирмата и мора да биде лице со високо образование.

Потребна Ви е помош?

Дали Ви требаат професионални консултации и помош за своите клиенти во однос на имплементација на новиот Закон за заштита на лични податоци? Сметководственото биро Александар.АК стои на располагање за Вас.

Побарајте поддршка за административно, сметководствено и консултативно усогласување со обврските на Вашата компанија.