Пред отворање на фирма треба да ги разгледате сите правни форми кои ви се на располаѓање и да проанализирате кој од нив е најсоодветен за вас.

Правни облици кои стојат на располаѓање:

ТП – Трговец поединец: најчесто употребуван правен облик кај помалите превозници: (ЛИЦА: такси возачите, возачите на комбе, автобус), занаетчиите, уметниците и други кои обавуваат услуги како лица.

ДООЕЛ – Друштво со ограничена одговорност едно лице: поголем број фирми се основани под овој правен облик. Имате идеа? Не ви е потребно партнерство. Почнавте како еден превозник, а сега се ширите – потребен ви е ДООЕЛ.

ДОО – Друштво за ограничена одговорност: поголем број фирми се основани под овој превен облик. Имате идеја? Нема доволно средства да ја започнете, секое здружување во фирмата со средства доведува до формирање на ДОО.

Прочитајте подолу, детално елаборирани предностите и слабостите.

ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ – ТП

Предности:

  1. Помали се трошоци при отворање на фирмата – 50% помалцку од другите облици.
  2. Помала е годишната фирмарина за разлика од ДООЕЛ и ДОО. Изнесува 2000 денари.
  3. При основање на овој правен облик не е потребен основачки влог.
  4. Сопственикот има избор да одлучи дали сака да ги уплати само месечните придонеси (пензиско, здравствено, дополнително здравствено, персонален данок, врабтување) = 46% од платата или целата плата (бруто платата).
  5. Регрес за годишен одмор или К-15 мора да биде проследен доколку има вработени, но не и на управителот.

Слабости:

  1. Лицето одговара со цел свој имот. Како трговец поединец при било какво задолжување и неисплаќање на истото, одговарате со вашиот личен приватен имот.
  2. При било каква нерегуларност при вашето работење или судска извршна пресуда државните институции може да наплатат од вашиот личен приватен имот.
  3. Ликвидацијата или стечајната постапка се долги и обемни.

 

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ЕДНО ЛИЦЕ – ДООЕЛ

 

Предности:

  1. Овој правен облик е основан од едно лице
  2. Основање на овој вид правен облик може да биде на два начина со основачки паричен влог од: 5000 евра во денарска против вредност или со материјален влог (со проценител) во износ од 5000 евра. Во овој материјален влог влегуваат: објект, опрема во фирма, превозни средства во фирма и др. Овие средства ги уплаќа лицето основач.
  3. Како друштво со ограничена одговорност едно лице, вие одговарате само со имотот на фирмата.
  4. Ликвидацијата или стечајната постапка на ДООЕЛ е многу побрза во однос на ТП.

 

Слабости: 

  1. Отворањето на овој правен облик е поскап од трговското друштво.
  2. Потребен е основачки влог од 5000 евра во денарска противвредност.
  3. Фирмарините се поголеми. Фирмарината е 7000 денари + 2000 денари за секоја подружница.
  4. Платата мора да биде проследена секој месец без избор – цела бруто плата.
  5. Регрес за годишен одмор или К-15 мора да биде проследен на секој вработен и на управителот.

 

 

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ – ДОО

 

Предности:

  1. Овој правен облик е основан од повеќе лица.
  2. Основање на овој вид правен облик може да биде на два начина со основачки паричен влог од: 5000 евра во денарска против вредност или со материјален влог (со проценител) во изност од 5000 евра. Во овој материјален влог влегуваат: објект, опрема во фирма, превозни средства во фирма и др. Овие средства ги уплаќаат основачите на фирмата.
  3. Како друштво со ограничена одговорност едно лице, вие одговарате само со имотот на фирмата.
  4. Ликвидацијата или стечајната постапка на ДООО е многу побрза во однос на ТП.

 

Слабости: 

  1. Отворањето на овој правен облик е поскап од трговското друштво.
  2. Потребен е основачки влог од 5000 евра во денарска против вредност.
  3. Фирмарините се поголеми. Фирмарината е 7000 денари + 2000 денари за секоја подружница.
  4. Платата мора да биде проследена секој месец без избор (цела бруто плата).
  5. Регрес за годишен одмор или К-15 мора да биде проследен на секој вработен и на управителот.

 

За повеќе информации, чуствувајте се слободни да нè контактирате.

Книговодствено биро Александар-АК 

Вашиот финански архитект

Дали ова беше корисно?

Да НЕ