Завршната пресметка е задолжителна за сите правни субјекти! 

Сметководственото биро Александар- АК ве известува дека крајниот рок за поднесување на завршна сметка е 29.Февруари во хартиена форма и 15.Март во дигитална верзија. 

Кој се е законски обврзан да поднесе завршна сметка? 

  1. Сите Видови на правни лица (Јавни ,Командитни Трговски друштва, АД, Доо, Дооел,)

     

  2. Граѓани кои вршат самостојна дејност (Нотари,адвокати,Самостојни Автопревозници, Таксисти, Трговци -Поединци, Занаетчии и слично ).Рокот за поднесување на завршна сметка кај оваа група на обврзници е (исклучиво!) до 28.Февруари 2020 година.

     

  3. Здруженијата на граѓани (Спортски друштва,Општествени организации, Синдикати,)се истотака обврзани за поднесување на завршна сметка. 

Таксата за поднесување на годишна завршна сметка во хартиена форма изнесува 2.100 денари. 

“Завршната сметка е од големо значење за работењето на компанијата. “

  • Со завршната сметка државните  институции,банките, приватниот сектор ја добиваат сликата за целокупното работење на компанијата, нејзините побарувања и приходи остварени во текот на цела година. 

Добро изработената Завршна сметка  значи многу!

Квалитетните Сметководствено-финансиски извештаи се значајна потпора на континуираното прогресивно работење на компанијата во смисла на планирањето на нови инвестиции ,квалитетен настап пред банкарски и други кредитни институции, угледот пред деловните соработници итн.Менаџирањето на секој правен субјект е значително олеснето, ако за основа има добро структуирани и прецизни податоци за сите сегменти од деловната пракса. 

Книговодствено биро Александар-АК 

Вашиот финански архитект

Дали ова беше корисно?

Да НЕ