fbpx Skip to main content Skip to search

Политика за приватност

Друштво за производство, трговија и услуги АЛЕКСАНДАР- АК ДОО експорт-импорт Скопје (во натамошниот текст „Александар-АК“) го пласира и сметководствениот софтвер Александар-АК со пристап преку веб пребарувач или мобилна апликација.

Во оваа политика за приватност можете да најдете целосни и ажурирани информации за обработка на личните податоци во рамките на веб сајтот и апликацијата на Александар-АК. За одредени услуги, може да има посебни услови за обработка на лични податоци. Информациите во тие случаеви во врска со услугата што се обезбедува, можете да ги прочитате во нашите услови за користење на aleksandarak.mk. 

Обработката на личните податоци од страна на Александар–АК може да се промени со текот на времето. Иако за големи промени ние редовно информираме, се препорачуваат и редовни посети на aleksandarak.mk за тековната верзија. 

 

Обработка на лични податоци

 

Кога клиент остава лични податоци при регистрација на апликацијата, на клиентот мора да му се дадат информации за обработката на личните податоци на Александар-АК, а истиот да даде согласност за тоа. 

Александар-АК води евиденција на корисници кои се регистрирале на апликацијата. Оваа евиденција содржи лични податоци, податоци на компаниите, како и податоци за нивните вработени (име, телефонски број, е-пошта, ЕМБГ, износи на плати, фактури, банкарски сметки, профилирање и сл, како и податоци базирани на користењето на апликацијата).

Податоците првенствено се користат за да се направи апликацијата на Александар-АК подобро искуство за нашите корисници, но податоците се користат и за управување на односот со клиентите и корисникот.

Податоците, исто така, можат да претставуваат основа на која Александар-АК, а каде што е применливо и нашите партнери, да можат да ги приспособат содржината, рекламите и понудите на најдобар начин. 

Податоците се анализираат и обработуваат пред воспоставен контакт со нашите клиенти и субјекти на податоци. Клиентите и регистрираните корисници на Александар-АК се согласуваат дека маркетингот може да се реализира преку пошта, е-пошта, телефон и СМС, push нотификации, како и преку други канали. 

Сите клиенти и регистрирани корисници имаат право да ја повлечат дадената согласност во писмена форма и бесплатно и да побараат извадок од регистарот во врска со обработката на личните податоци или корекција/бришење на какви било неточни лични податоци. 

Со контактирање на службата за корисници, податоците може и да се блокираат за одредени видови употреба. Личните податоци се зачувуваат и користат, во согласност со она што е наведено погоре, се додека Александар-АК е во постојани релации со клиент или корисник или, во случај на дадена согласност, додека согласноста не биде повлечена. Александар-АК, исто така, може да биде обврзан да ги чува податоците во согласност со законот.

 

Примена на колачиња

 

Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред. Како корисник, можете сами да одлучите дали сакате да прифатите или да ги тргнете колачињата. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. 

Колачињата можат да бидат:

  • Привремени – се бришат од пребарувачот после една сесија на веб страницата
  • Трајни – остануваат на Вашиот компјутер до времето за бришење утврдено од креаторот на колачињата

Колачињата се користат само за прилагодување на корисничкото искуство и за анализа на сообраќајот на страниците. Нашите клиенти и регистрираните корисници се согласуваат за употреба на колачиња при користење на нашите веб-страни.

Повеќето пребарувачи дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Секој од пребарувачите има различна постапка за бришење на колачињата.

Александар-АК користи колачиња за приспособување на содржината, поквалитетен маркетинг, како и вршење на анализи и статистики. Секоја употреба на такви колачиња е јасно наведена на веб-страницата. Информациите за користењето на овие страници ги споделуваме само со доверливи партнери за социјални медиуми, рекламирање и аналитика. 

Дел од колачињата кои ги користиме:

  • Неопходни колачиња – овозможуваат една веб страница да биде употреблива за да се вршат основни функции – навигација низ страницата, употреба на форми и сл. Без овие колачиња, страницата не може правилно да функционира.
  • Претпочитани колачиња – Овозможуваат на страницата да запамти некои преференции на корисникот (јазик на користење и сл.).
  • Статистички колачиња – Помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.
  • Маркетиншки колачиња – Се употребуваат за следење на посетителите низ цеб страницата.. Се употребуваат за пласирање реклами кои се релевантни и привлечни за еден уникатен корисник.
  • Колачиња од социјални медиуми – Се употребуваат со цел интеграција на функциите од социјалните медиуми на веб страницата, а исто така може да се користат во маркетиншки цели.