fbpx Skip to main content Skip to search

Сметководство

ЛИЦЕНЦИРАНО СМЕТКОВОДСТВО ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Потребно Ви е професионално и лиценцирано сметководство? Нудиме ефикасна и експертска финансиска услуга за Вашиот бизнис. Ние сме сметководствено биро со повеќе од 30 години искуство. Проверете како можеме да Ви помогнеме!

Smetkovodstvo Makedonija

ЗОШТО СМЕТКОВОДСТВОТО Е ВАЖНО?

Сметководството претставува една од најважните функции во секоја компанија – тоа е темелот на финансиската стабилност, отчетност и раст.

Александар-АК е лиценцирано сметководствено биро со повеќе од 31 години искуство, кое опслужува домашни и странски компании од различни индустрии, меѓу кои и: трговија, ИТ, транспорт, градежништво, маркетинг и производство.

Нашиот тим го сочинуваат 8 лиценцирани сметководители, тим за плати, финансиски консултанти за даночни закони и нормативи, како и правен тим за човечки ресурси и договори. Со оваа структура овозможуваме целосен пристап кон сите сметководствени и административни потреби на вашата компанија – без потреба од дополнителни посредници или агенции.

Нашата цел е да обезбедиме сигурност, точност и навремена финансиска анализа, овозможувајќи им на сопствениците и менаџерите да носат правилни одлуки во вистинско време.

БИЗНИС ПАРТНЕР, А НЕ САМО СМЕТКОВОДИТЕЛ

Ние не сме само ваш надворешен соработник — ние сме дел од вашата компанија и нејзините процеси. Со дедициран сметководител за секој клиент, обезбедуваме континуирана комуникација, персонализиран пристап и сигурна поддршка во секој чекор. 

Во ерата на дигитализација и вештачка интелигенција, навременото известување е клучно. Затоа, користиме современи сметководствени системи и автоматизирани известувања кои ве алармираат за: 

  • зголемување на оперативните трошоци 
  • намалување на профитабилноста 
  • доцнење на плаќања 
  • законски рокови за ДДВ, придонеси и даноци 

Со тоа, реагираме пред проблемите да настанат, а не потоа. Нашата технологија ви овозможува да бидете секогаш еден чекор напред. 

ИСКУСЕН И МЕЃУНАРОДНО УСОГЛАСЕН ТИМ

Работејќи со домашни и меѓународни компании, сметководственото биро Александар-АК е специјализирано за работа според: 

  • МСФИ (Македонски стандарди за финансиско известување) 
  • IFRS (International Financial Reporting Standards) 
  • GAAP (Generally Accepted Accounting Principles) 

Ова овозможува лесна консолидираност со матичните компании во странство, целосна транспарентност во извештаите и усогласеност со меѓународните ревизорски барања. 

ДИГИТАЛНО СМЕТКОВОДСТВО

Нашите сметководствени решенија се целосно дигитални, овозможувајќи брз пристап до податоци, автоматско известување и висока точност. 

Со дигиталниот пристап ги елиминираме доцнењата и човечките грешки, а клиентите добиваат онлајн увид во реално време во своите финансиски состојби. 

Откријте повеќе за нашето дигитално сметководство – решение со кое Александар-АК се издвојува како единствено дигитално сметководствено биро во Македонија. 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИДОБИВКИ

  • Редовни месечни и квартални финансиски извештаи
  • Автоматизирани алатки за следење на трошоци и приходи
  • Онлајн пристап до документи и фактури (cloud-based bookkeeping)
  • Поддршка за стартапи и мали претпријатија
  • Помош при регистрација на нови компании (ДОО, ДООЕЛ, трговци поединци)
  • Даночно планирање и оптимизација
  • Консултации за извозници, ИТ фирми и фриленсери

ЕДУКАЦИЈА И ВИЗИЈА

Би сакале да ги едуцираме клиентите дека сметководственото биро не треба да биде само извршител на документи и книжење, туку финансиски советник и партнер во водењето на бизнисот. Нашата цел е вашиот раст да биде и наш успех — затоа вложуваме во анализа, комуникација и долгорочна поддршка. 

Редовното и навремено доставување на документацијата е клучно за точно сметководство, навремени пријави, и безбедно управување со финансиските текови. Со Александар-АК вашата компанија не само што ги исполнува законските обврски, туку и гради финансиска дисциплина и стратегиски раст. 

Пресметајте ја цената за Вашето сметководство

smetkovodstvo mk

Дали отворате нов бизнис и Ви е потребно сметководство? Или пак можеби сакате да го промените сметководството на Вашата постоечка фирма?

Пополнете ги Вашите податоци и испратете ни ги, а ние во најбрз можен рок ќе Ви ја доставиме најдобрата сметководствена понуда за Вашиот бизнис!