Со новите законски измени на Законот за работни односи и Законот за трговија, почнувајќи од 01.01.2022, недела е официјално ден на неделен одмор (досега, како законско решение, за неделен одмор можеше да се одбере било кој ден во неделата).

Од ова правило има исклучок во определени области, каде што како дел за неделен одмор може да се определи друг ден во неделата.

 

Дејности во кои се дозволува работата во недела

  • одгледување на животни,
  • мешовито фармерство,
  • вадење на јаглен и лигнит,
  • вадење на руди на метал,
  • печатење и издавање на весници,
  • производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити
  • производство на пиво, само во процесите поврзани со варење, квасна припрема и следење, ферментација, филтрација и енергетска поддршка на овие процеси,
  • производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
  • производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси,
  • производство на индустриски гас,
  • производство на метали,
  • аптеки,
  • снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,
  • снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности на санација на околината,
  • копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт,
  • складирање и помошни дејности во превозот,
  • објекти за сместување,
  • дејности за подготовка на оброци и служење на храна,
  • филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма
  • емитување на програма,
  • телекомуникации,
  • информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и слично),
  • прикажување на филмови,
  • фотографски дејности
  • ветеринарни дејности,
  • изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила,
  • дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи,
  • дејности на повикувачки центри,
  • општи дејности на јавната управа, само за итни и неодложни работи поврзани со одржување на седници, инспекциски надзори, чување на шуми, а кои работи се од витално значење за државниот и јавниот интерес,
  • работи на одбраната,
  • судски и правосудни дејности,
  • работи на јавниот ред и безбедноста,
  • дејности на пожарникарската служба,
  • дејности за здравствена заштита,
  • дејности на социјалната заштита со сместување,
  • креативни, уметнички и забавни дејности,
  • дејности на музеите,
  • дејности на зоолошки градини и природни резервати,
  • спортски, забавни и рекреативни дејности,
  • погребни и слични дејности,
  • царинска служба на гранични премини,
  • дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став, врз основа на склучен договор со работодавачот од дејностите од овој став и
  • работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот

Во овие дејности, работникот има право на:

  • додаток на плата од најмалку 50% за секој час поминат на работа
  • користење на неделен одмор во наредните 7 дена

 

Трговија на големо и мало

Во трговијата на големо и мало, со Законот за трговија, недела е предвиден како законски ден за неделен одмор, освен во неколку случаи.

Исклучок на правилото за трговија на мало и големо

  • во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност; (8 часа)
  • во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; (00:00 – 23:59)
    во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2; (10:00 – 20:00)
  • на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела;
  • во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и
  • на зелени пазари. (8 часа)

Во овие случаи, работата во недела треба задолжително да се пријави во ЦРМ, 15 дена пред отпочнување на работата во недела.

  • Додатокот на плата за работа во недела и на празници изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа
  • За трговските центри и трговците на мало од бензинските пумпи и моловите, исто така се утврдува надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, кои средства ќе се инвестираат во детски градинки. Истите треба да бидат уплатени најдоцна до 15 јануари за минатата година.

 

Потребно е да се имплементираат сите аспекти од овој закон, бидејќи глобите за непочитување изнесуваат:

  • микро трговец – 800 до 1.000 евра
  • мал трговец – 1.600 до 2.000 евра
  • среден трговец – 3.000 до 6.000 евра
  • трговец – 7.000 до 10.000 евра