Централниот регистар ја започна својата процедура за пуштање во употреба на Регистар на вистински сопственици. Со овој Регистар, се внесуваат податоците за вистинските (крајните) утврдени сопственици на правните субјекти. Услугата се однесува на иницијалниот внес на вистински сопственик, како и секоја промена на сопствеништво во претпријатијата.
На 27.01.2021, започна да тече рок од 90 дена за пријава на овие податоци, односно заклучно со 26.04.2021. Секое претпријатие во Македонија задолжително мора да се пријави во овој Регистар. Секое претпријатие има одговорност за точноста и веродостојноста на информациите кои ќе бидат внесени.
Завршната сметка е најважниот сметководствен документ што едно претпријатие треба да го има доставено до Управата за јавни приходи, а рокот за поднесување оваа година е заклучно 28-ми февруари 2021-ваво хартиена форма, како и до 15 март во електронска.
Само лиценцирано сметководствено биро може да поднесе завршна сметка во име на фирмата. Преку овој документ, секоја фирма ќе може детално да ја погледне својата состојба на приходи и трошоци, и колкав профит или загуба се генерирани во текот на една календарска година.
Често пати сте се прашувале која е разлика помеѓу уплатниците (вирманите) со кои треба да извршите определени плаќања, односно трансакции, во банка или пошта? Иако навидум слични, секоја од нив има своја намена во целокупниот платен промет во земјава.
За да може да се извршува пренос на паричните средства меѓу економските фактори во општеството (луѓе, претпријатија, државни и финансиски институции), потребно е да се употребат методи и инструменти преку кои се извршуваат истите тие плаќања. Таквите методи и инструменти се познати под името платен промет.
Данокот претставува јавен приход за извршување на државни потреби, односно парични средства кои државата ги наплаќа од физичките и правните лица. Даноците се примарен извор за финансирање на македонскиот буџет.
Со помош на приходите кои државата ги добива преку даноците, се задоволуваат општите и заеднички потреби на населението. Над 80% од целокупниот македонски буџет е базиран на наплата на даноци.
Една од најважните одлуки која треба да се направи при започнување на секој бизнис, но и за веќе постоечки и растечки компании, е изборот на соодветно сметководство. Иако навидум ова делува како многу едноставна работа, сепак треба да се има на ум дека од овој избор ќе зависи идната финансиска слика на вашата компанија.
Добар сметководител ќе помогне во ширењето на вашиот бизнис, при што ќе внимава на вашиот буџет, додека лош избор на сметководство може да ве чини многу пари на долг рок.
Кои се најчесто поставувани прашања кога е во прашање изборот на сметководител?
Во текот на оваа недела, Владата во соработка со Европската Унија изврши промоција на новата линија бескаматни кредити Ковид 3. Со оваа линија се распределуваат средства од 31 милиони евра помош.
На јавниот повик објавен од Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) може да се обратат сите микро и мали трговски друштва (ДООЕЛ, ДОО и сл.), како и трговците поединци (ТП) и занаетчии кои се погодени од коронакризата во текот на оваа година.
Сигурно некогаш сте си го поставиле себе си ова прашање – Дали треба да започнам сопствен бизнис? Но, секогаш сте замислувале дека целиот процес на отворање на нова фирма е доста сложен.
Дозволете да ви покажеме дека е многу поедноставно отколку што мислите. Доколку имате желба за да започнете нешто самостојно, можете уште денес да почнете со остварување на вашиот сон.
Секојдневно ги следиме успешните искуства на познатите светски бизнисмени кои не опкружуваат на социјалните мрежи и телевизијата. За промена, ние како сметководствено биро решивме да споделиме една успешна приказна од нашиот клиент БиН ДИЗАЈН кој бележи значителен раст во гипсарската идустрија прераснувајки во голема компанија со високи светски стандарди.
Секој сопственик на фирма/компанија треба да знае дали подлежи на данокот на добивка и како истиот се пресметува.
Кои се правни облици подлежат на данокот на добивка?
Трговците поединци
Друштвото со ограничена одговорност едно лице-ДООЕЛ
Друштвото со ограничена одговорност-ДОО
Акционерски друштва-АД
Важно: САМО ДОКОЛКУ КОМПАНИИТЕ ОСТВАРУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 3.000.000 ден приходи во текот на една година.
Кои организациони облици се исклучени од данокот на добивка?
Здруженија на граѓани
Фондации
Странски организации
Други здруженија регистрирани според законот за здруженија и фондации
*Кај овие организацони облици приходите отстварени по основ на: приходи од членарини, доброволни прилози, донации, грантови, подароци. Но доколку истите обавуваат стопанска дејност нивниот приход се оданачува со 1% на вкупните приходи остварени од стопанската дејност (доколку надминуваат над 1.000.000 денари).
За да добиете брза понуда за вашиот книговодствен трошок, пратете ни ги вашите информации преку пополнување на полињата на калкулаторот од вашата лева страна. Нашата фирма ќе ви ја достави најдобрата понуда за вашиот бизнис во најкраток можен рок.
За Александар-АК
Александар-АК сметководственото биро е основано во 1999 година. Повеќе од 21 година секојдневно опслужуваме повеќе од 350 компании, локални и интернационални. Мисијата на нашата компанија е да изградиме цврста бизнис врска со секој од клиентите која ќе се потпира на сигурност и доверба. Високата експертиза е гаранцијата позади нашата работа. Таа помагаат во градењето на довербата. Задоволните клиенти ни се единствена цел, па затоа како компанија инвестираме секојдневно во дигитализација која ја зголемува нашата ефикаснот и навремена достпаност на информацијата до нашите клиентите.