Централниот регистар ја започна својата процедура за пуштање во употреба на Регистар на вистински сопственици. Со овој Регистар, се внесуваат податоците за вистинските (крајните) утврдени сопственици на правните субјекти. Услугата се однесува на иницијалниот внес на вистински сопственик, како и секоја промена на сопствеништво во претпријатијата.

На 27.01.2021, започна да тече рок од 90 дена за пријава на овие податоци, односно заклучно со 26.04.2021. Секое претпријатие во Македонија задолжително мора да се пријави во овој Регистар. Секое претпријатие има одговорност за точноста и веродостојноста на информациите кои ќе бидат внесени.

 

Законски рок

 

Според информациите од Централниот регистар, со овој проект се зголемува транспарентноста во информациите околу правните лица и нивната сопственичка инфраструктура во државата, при што ќе се исполнат меѓународните и ЕУ стандарди.

Постојат два начини за да се изведе овој упис на податоци:

  • Самостојно, од страна на овластеното лице за застапување на правниот субјект
  • Преку друго лице, овластено од правниот субјект да поднесе пријава во Регистарот

 

Потребна Ви е помош?

 

Дали Ви треба професионална помош за поднесување на оваа документација до Централниот регистар? Сметководственото биро Александар-АК стои на располагање да ја реализира оваа услуга за Вас!

Доколку сакате да нѐ овластите нас да го извршиме уписот, слободно контактирајте нè на info@aleksandarak.mk и телефонските броеви 02 2403 271 и 070 360 766. Веднаш ќе Ви дадеме повратна информација.

Не заборавајте, крајниот рок за извршување на оваа обврска истекува на 26.04.2021!

 

Зошто да го одберете Александар-АК?

 

Александар-АК како сметководствено биро е основано во 1999 година, и веќе цели 22 години секојдневно опслужуваме повеќе од 350 локални и интернационални компании.

Мисијата на нашата компанија е да изградиме цврста бизнис врска со секој од клиентите која ќе се потпира на сигурност и доверба. Задоволните клиенти ни се единствена цел, па затоа како компанија инвестираме секојдневно во дигитализација која ја зголемува нашата ефикасност и навремена достапност на информацијата до нашите клиенти.