Завршната пресметка е задолжителна за сите правни субјекти!
Сметководственото биро Александар- АК ве известува дека крајниот рок за поднесување на завршна сметка за 2021-ва година е 28.02.2022 во хартиена форма и 15.03.2022 во дигитална верзија.
Кој се е законски обврзан да поднесе завршна сметка?
-
Сите видови на правни лица (јавни и командитни трговски друштва, АД, ДОО, ДООЕЛ, ТП)
-
Граѓани кои вршат самостојна дејност (трговци поединци, занаетчии, нотари, адвокати, автопревозници, таксисти). Рокот за поднесување на завршна сметка кај оваа група на обврзници е исклучиво до 28.02.2022
-
Здруженија на граѓани (синдикати, општествени организации, спортски друштва)
Таксата за поднесување на годишна завршна сметка во хартиена форма изнесува 2.150 денари.
Завршната сметка е од големо значење за работењето на компанијата!
Само лиценцирано сметководствено биро може да поднесе завршна сметка во име на фирмата. Преку овој документ, секоја фирма ќе може детално да ја погледне својата состојба на приходи и трошоци, и колкав профит или загуба се генерирани во текот на една календарска година.
Се препорачува дека секоја фирма треба да внимава на навремено извршување на оваа законска обврска, со оглед на тоа што секое целосно или задоцнето поднесување подлежи на парични санкции од страна на државните институции.
Со точен и професионален сметководствено-финансиски извештај, фирмата може да има увид во трендовите со точни податоци за своето работење, како и квалитетно да ги планира и проектира своите идни деловни активности. Исто така, завршната сметка овозможува потпора за претставување на фирмата пред банкарски и кредитни институции, како и други деловни соработници.
Добро изработената Завршна сметка значи многу!
Александар-АК како овластено и лиценцирано сметководствено биро со искуство од 22 години, се грижи за професионално и навремено поднесување на овој документ на сите свои клиенти!
Доколку сакате консултација или било каква помош околу завршната сметка за 2021-ва година кои, сметководственото и консултативно биро Александар-АК е достапно постојано за Вас. Контактирајте нè веднаш.
Дали ова беше корисно?