Тимот на сметководственото биро Александар-АК Ви нуди помош и во административните работи:
- Совети во изработка на Вашите фактури, меморандуми, испратници и други документи
- Помош во изработката на евиденционите книги (Книга на влезни и излезни фактури, Дневен финансиски извештај, Матична евиденција на вработените, Евиденција во трговијата, Приемни калкулации, Магацинско работење и др.)
- Организација на систем за проток на документи во системи со повеќе организациони единици
- Стручна помош во организација и вршење на редовни и вонредни пописи
Исто така, Ви нудиме правни совети и услуга во следните полиња:
- Пријавување и одјавување работници во Агенцијата за вработување
- Помош во разни кадровски проблеми и промени (особено околу технолошкиот вишок и заминување на кадар во пензија)
- Составување мобинг изјави
- Дополнителни договори за работно ангажирање и договори на дело
- Трговско посредување
- Франшиза
- Издавање под наем на недвижности, машини, опрема