БиН ДИЗАЈН – Успешна Македонска Бизнис Приказна
Секојдневно ги следиме успешните искуства на познатите светски бизнисмени кои не опкружуваат на социјалните мрежи и телевизијата. За промена, ние како сметководствено биро решивме да споделиме една успешна приказна од нашиот клиент БиН ДИЗАЈН кој бележи значителен раст во гипсарската идустрија прераснувајки во голема компанија со високи светски стандарди.
БиН ДИЗАЈН започна со работа во Февруари 2018 година откако сопствениците Бенедик (30) и Никола (27) не контактираа со идејата за отпочнување на сопствен бизнис со гипс.
Сопствениците сакаа да дознаат повеќе информации за основање компанија и кој облик е најпогоден за нив. Им предложивме ДОО или друштво со ограничена одговoрност основано од повеќе лица, во случајот Бенедик и Никола, но со цел да се основа едно вакво друштво потребен е капител како основачки влог од 5.000 евра во денарска против вредност. Во тој момент Бенедик и Никола не располагаа со толкави финансиски средства, па одлучија да го приложот својот алат како основачки влог. Како седиште на компанијата се водеше дел од куќата на Бенедик, а истата ја користеа и како подрумски магацински простор за својата опрема и алат.
По добивање на решението од Централниот регистер нивната приказна започна. БиН ДИЗАЈН како компанија уште во самиот почеток имаше поставено јасна визија: ,,Да станат компанија која секојдневно ќе се стреми кон подобрување на својот квалитет, растејќи заедно со своите вработени.”
Во првата година Бенедик и Никола формираа цврсти врски со големите градежни компании важејќи за фирма која нуди квалитет. По напорната прва година каде што 90% од start up бизнисите згаснуваат, БиН ДИЗАЈН доживеа експоненцијален раст зголемувајќи го бројот на вработени и приходи на компанијата. БиН ДИЗАЈН денес брои 10 активни вработени, сопствен склад, комбиња, автомобили и софистициран алат за потребите на компанијата.
Никола вели: ,,Почнавме со нашето старо комбе и алат, но и со силна желба за формирање нешто свое.”
Денес истата компанија по само 3 години располага со најсофистицирана опрема во гипсарската идустрија.
Бенедик: ,,Инвестираме секојдневно, стари ефтини обувки и слаба заштитна (ХТЗ) опрема не е дозволива за нашите вработени. Вложуваме во алат како никој! Имаме батериски алат кој овозможува огромна мобилност на вработените и не нè спречува во работата при снемување струја.”
Покрај инвестицијата и следењето на светските трендови во опремата, БиН ДИЗАЈН се појавува и како иновативна компанија произведувајќи сопствен електричен мини кран кој помага при монтажата на гипсот. Како што велат сопствениците, претходно потребни биле 2-3 работници за монтирање на плафон, но денес со новиот мини кран еден работник самостојно може да ја заврши работата.
Како неколку етапи во за успешност во бизнисот Бенедик и Никола ги споменуваат:
1.Рентабилноста, бидејќи без средства нема реализација на идејата
2.Инвестирање во вработените – највисоки услови за работа и просечни плати од
30.000 ден.
3. Стремеж кон максимална ефикасност – батериски алат и мини кран
4. Креирање на сопствен производ (подолу)
5. Интернационализација на пазарот – извоз на сопствени производи во Србија
Бенедик: ,,По истражувањата на пазарот гледаме дека Западна Европа го воведува и 3Д плафонот како софистицирано решение за еден простор при што целта е да се задржи волуменот на воздухот/просторот, а притоа да се сокријат сите инсталации.”
БиН ДИЗАЈН се појави во Македонија како прва и единствена компанија која го изработува овој производ и истата врши извоз во Србија.
БиН ДИЗАЈН како компанија во своето 3 годишно постоење изработила повеќе од 300 објекти растејќи и градејќи се како фирма со квалитет.
На прашањето како постигнувате да одговорите на временските рамки и работата,
Никола одговори ,,Вработените ни се на прво место, составивме одличен тим. Тие се грижат за нас, а ние за нив. Неколкупати годишно организираме собири, каде што ги каниме вработените со своите семејства. На тој начин градиме цврста врска со вработените, а компанијата прераснува во едно големо семејство.”
БиН ДИЗАЈН е исто така и фирма со големо срце. Донираат средства во хуманитарни цели, учествуваат во фудбалски натпревари од хуманитарен карактер и помагаат онаму каде што е најпотребно.
Се надеваме дека оваа успешна приказна споделена со дозвола и инволвираност на БиН ДИЗАЈН ќе го подучи и мотивира поширокиот аудиториум.