Регресот за годишен одмор работодавецот мора задолжително да го исплати на секој вработен кој бил во работен однос најмалку 6 месеци.
На кои врaботени им следува регрес за годишен одмор и колку изнесува?
На секој вработен кој работел најмaлку 6 месеци кај ист работодавач во текот на една календарска година му следува надомест по основ на регрес за годишен одмор познат како К-15. Минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40% од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.
Последните податоци за просечна нето плата се за месец мај која изнесува 24.509 ден.
Детално елаборирање и пресметка на регресот за годишен одмор.
Да ве предупредиме – 40% од просечната нето плата во Република Македонија, а не просечна плата во вашата компанија. Просечната плата во РМ се менува често, па така зависно од месецот во кој сакате да го исплатите регресот за годишен одмор треба да проверите во тој месец колку е просечната плата во РМ.
Според анализите и просекот кој го зема книговодственото биро Александар-АК ве советуваме:
Најниската исплата по основ регрес за годишен одмор изнесува 9.610 ден. (нето) на кој следи персонален данок од 1.057 ден = 10.667 ден.
Највисоката исплата по основ регрес за годишен одмор кој не подлежи на оданочување од данок на добивка изнесува 14.000 ден, на кој следи персонален данок од 1.540 ден = 15540 ден. (ВАЖНО: овој регрес не се оданочува со данок на добивка)
Секоја исплата над 14.000 ден. покрај персоналниот данок подлежи и на оданочување по основ данок на добивка од 10%.
Секој работодавец треба законски да му обозможи право на годишен одмор на работникот и да издаде решение за користење на истиот (решението е потребно во случај на инспекција).
Исплата на регресот за годишен одмор е задолжителна. За секој работодавец кој нема да исплати К-15 следуваат парични казни во износ од 3.000 евра во денарска противредност за правното лице.
Со посебни акти се регулирани загубарите кои подолг период не се во можност да исплаќаат плати.