Сакаш да ја развиеш својата кариера како специјалист за плати? Во потрага си по работна можност во стабилна компанија во која имаш можност за раст? На вистинското место си!
Сметководственото биро Александар-АК од Скопје има искуство од 25 години, со постојани предизвици и динамичен раст во работата.
Во продолжение следуваат детални информации околу самата работна позиција.
Главни задачи на работната позиција:
- Агенција за вработување регулирање на пријави/одјави (он-лине) за потребите на нашите
клиенти.- Регистрирање на пријави;
- Регистрирање на одјави;
- Креирање огласи.
- Подготовка на плати во нашиот софтвер за потребите на нашите клиенти.
- Пресметка на боледувања и администрација на извештаи во врска со боледувања;
- Пресметка на празниците државни и верски празници;
- Пресметка на задршки од плата: одбитоци, извршители;
- Пресметка и администрирање на надоместоци од плати;
- Работење во МПИН.
- Креирање на Е-ППД декларации за потребите на нашите клиенти како:
- Исплата на доход од работи (договори за дело, консултантски договори);
- Исплата на договори за закуп;
- Исплати за дивиденди;
- Исплата на К-15.
Потребни квалификации на кандидатот:
- Најмалку средно образование (Економско) или високо образование (Економски факултет)
- Познавање на Microsoft Office алатки
- Познавање на англиски јазик
Познавања кои дополнително ќе го издвојат кандидадот:
- Познавање на Microsoft Excel.
- Желба за надоградување и тимска работа.
Дополнителни информации:
- Работното време се одвива од понеделник до петок, 08:00-16:00.
- Работата се одвива во канцеларија, со адреса на ул. 1613 4/5 Скопје (Ново Лисиче).
Аплицирање
Кандидатот треба да го испрати своето CV на vrabotuvanje@aleksandarak.mk, со наслов „Вработување за специјалист за плати“, најдоцна до 30.06.2024.