Со измените во законот кој стапува на сила од 01.Јануари 2018 Управата за јавни приходи воведе нов начин за пресметка и плаќање на персоналниот данок на доход.

Пресметка и плаќањето на персоналниот данок на доход ќе се врши преку новиот систем на УЈП каде што ќе треба да се поднесе електроска пресметка за приход и данок.

Линк до новиот систем за Е-Персонален данок:  https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam

Кој се треба да поднесе електронска пресметка за приход и данок?

Правни лица и сметководители кои водат деловни книги: Имаат исплатено и исплатуваат приходи по сите основи на физички лица кои се резиденти на Р.Македонија и не резиндентит. Плаќањето по освно плата на вработени не влегува во оваа пресметка.

Физички лица – резиденти на Р.Македонија: Кои отстваруваат приходи од други други физички лица или приходи од странство. Лицата кои отстваруваат приходи од самостојна дејност не подлежат на оваа пресметка.

Физички лица – нерезиденти: Кои отстватуваат приходи од лица кои се резиденти на Р.Македонија.

Кои се придобивките од овој систем?

Иплатувачите на приходи:

-Ќе немаат повеќе обврска да му издадат на секој обврзник збирен податок за вкупно платената аконтација, како и да поднесуваат годишни или месечни извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД-МИ/ИС,

-За исплата на приходи на физички лица-нерезиденти ќе имаат преглед на поднесените барања за користење на даночни стапки според договорите за одбегнување на двојното оданочување и двојното ослободување, одобренијата од Управата за јавни приходи издадени по поднесените барања.

-Во Електронската пресметка (е-ППД) данокот за приходот што треба да се исплати на нерезидентот ќе се пресмета по даночната стапка од меѓународниот договор според одобрението од Управата за јавни приходи.

ГРАЃАНИ:

-Немаат повеќе обврска за поднесување на Аконтативни даночни пријави (ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП).

ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ОСТВАРУВААТ ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА НА СОПСТВЕНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ :

-Физичките лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи, за приходите остварени почнувајќи од 1 јануари 2018 година, немаат обврска за поднесување на пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност УЈП-РДО/З и Барање за паушално оданочување за остварени приходи од земјоделска дејност ПДД-ПЗ.

СИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ:

-Кои се обврзани за поднесување на Електронската пресметка (е-ППД), преку системот ќе имаат можност за преглед на износите на повеќе платен персонален данок по поднесените Електронски пресметки (е-ППД), како и да поднесуваат и вршат преглед на поднесените барања за враќање на повеќе или погрешно наплатен ПДД. Ќе нема обврска за поднесување на барања за пренасочување на погрешно платен ПДД.