Потсетување за нормативот за производство! Казни над 2000 евра
Би сакале да ве потсетиме (известиме) да го запазите нормативот на производство кој е најприсутен во прехрамнената индустрија (пицерии, пекари, сендвичари, ресторани).
Сите компании кои се во дејноста на производството се обврзани да ги пријават сите потребни компоненти кои им се потребни во секојдневното испорачување на производот. Компонентите кои се составен дел на производот треба да бидат впишани во нивната права пропорција (грама, милилитри, центиметри).
Поднесувањето на нормативот за производство на заверка се доставува до општината во која компанијата работи (општината во која е регистрирана компанијата).
Нормативот за производство има право да го побара и контролира пазарната инспекција, па затоа истиот е потребно да се наоѓа во самите работни простории.
За непоседување или нерегуларен норматив се изрекуваат глоби кои почнуваат од 2000 евра во зависност од големината на прекршокот.
Подетално елаборирање од практичен аспект на Нормативот за производство.
Ако една компанија произведува пици, една капричиоза треба да се состои од:
700 грама брашно
1 лажица сол
2 лажици шекер
1 квасец
500 грама кашкавал
400 грама шунка
350 грама свежи печурки
150 милилитри кечап
Со овој норматив за производство на пица даваме до знаење на пазарната инспекција за квалитетот на производот, како и размерот на состојките кои треба да се совпаѓаат со фактурите кои ги поседувате за набавка на материјал.
За подетални информации околу нормативот за производство или други финансиски книговодствени прашања чувствувајте се слободни да не искомуницирате на нашите телефонски броеви 02/2403-271 и 02/2403270 или преку е-mail info@aleksandarak.mk.
Со почит,
Книговодствено биро Александар-АК
,,Вашиот финансиски архитект”