Зголемување на минилна плата и субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување при зголемување на плата.

 

Информираме дека заклучно месец Декември 2019 задолжителната минималната плата ќе изнесува 14.500 ден. Доколку сте Вие или ваш вработен пријавен на минимална плата истата треба да ја промените 14.500 заклучно месец Декември. Субвенционирање на придонесите за минимална плата се добива на разликата од 12.600 (предходната минимална плата)  до 14.500 (ново назначената минималанта плата).

Напомена: персоналниот данок од 10% во промената на минималната плата останува на терет на компанијата. 
 

Кој може да користат субвенционирање на придонеси

Субвенционирање на придонеси може да користи обврзникот кој:

  • има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно Законот за трговските друштва,
  • нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенционирање на придонеси,
  • за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период.
  • за осигуреник за кој има зголемување на плата, утврдена како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од обврзникот во референтниот период.
  • Персоналниот данок од 10% останува на терет на компанијата
  • Кој не може да користи субвенционирање на придонесите

Субвенционирање на придонеси не може да оствари:

  • орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје;
  • приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај работодавач од јавен сектор;
  • обврзник кој за осигуреникот користи ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или данок на личен доход согласно закон или друг основ, за период додека ја користи субвенцијата, односно ослободувањето;
  • обврзник кој за осигуреникот користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, за периодот додека ја користи мерката, и
  • обврзник кој за осигуреникот за кој побарува субвенционирање на придонеси му е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

НАЈВИСОК И НАЈНИЗОК ИЗНОС ЗА КОЈ СЕ ОДОБРУВА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ

Највисокиот износ за кој се одобрува субвенционирање на придонеси е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник.
Најнискиот износ за кој се одобрува субвенционирање на придонеси е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник.
 

ПЕРИОД НА ВАЖНОСТ НА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ПРИДОНЕСИ

Субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите започнува да се применува со исплата на платата за месец октомври 2019 година, а ќе се применува заклучно со 31.10.2022 година.