На 19. Септември се донесоа измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (радиодифузна такса) кој стапува на сила од Октомври. Законот предвидува укинување на радиодифузната такса од 190,00 денари, олеснувајќи ги граѓаните и фирмите за 2280 денари на годишно ниво. Аудиовизуелни медиумски услуги на националната телевизија (МРТ) ќе бидат финансирани од: буџетот на Р.М, приходи од програмата која МРТ ја произведува, како и приходи од кабелските оператори.
Фирмите со заостанат долг ќе бидат обврзани да го подмират својот долг заклучно месец Семптеври, извести Управата за јавни приходи.