fbpx Skip to main content Skip to search

За Нас

Александар АК Канцеларија
Александар АК За Нас

За компанијата

Приказната на Александар-АК започнува во далечната 1999-та година. Стартувавме како мало книговодствено биро, фокусирајќи се на мали локални фирми, за веќе во наредните години да успееме да ги поместиме границите на своето работење, а во исто време и да формираме можности за преземање и водење на поголеми македонски и интернационални фирми. Се проширивме и во консалтинг услугите.

Денес, Александар-АК може да одговори на барањата на пазарот како комплетно сметководствено решение за Вашиот бизнис, односно можеме да претставуваме Ваш финансиски архитект. За Вашите потреби, можеме да обезбедиме комплетна книговодствена услуга, даночни консултации, пресметка на плати, помош во отворање на бизнис, финансиски консалтинг, трговско посредување, како и правни и советодавни услуги во областа на стопанското работење.

Над 300 македонски и интернационални компании се дел од сметководственото биро Александар-АК.

Приклучете се во нашата приказна и дозволете да го изградиме Вашиот бизнис заедно. Проширете се и растете го Вашиот бизнис без грижи за Вашите финансии и администрации.

На Вас останува само да продолжите со остварување на Вашите идеи и замисли.

Нашата мисија:
Да овозможиме најдобра можна сметководствена грижа за нашите клиенти.

Нашата визија:
Да изградиме компанија каде што клиентите ќе добијат висока експертиза и сигурност во водењето на својот бизнис.

 

Кои се предностите на Александар-АК како книговодствено биро за Вашиот бизнис?

 

1. Ние постоиме како сметководствено биро цели 22 години, со што сме присутни на пазарот речиси во целокупниот процес на создавањето на сметководство во Македонија како независна држава.

2. Во овие 22 години, Александар-АК ја доби довербата на повеќе од 300 клиенти, во општество на отворена конкуренција. Овој успех за нас претставува сертификат доделен од клиентите за нашата професионална услуга и доверба.

3. Специјализирани сме за водење на секаков вид на бизниси, независно од големината и дејноста во која истите тие делуваат.

4. Даваме outsource услуги за консалтинг и сметководство на компании надвор од нашите граници. Софистицирани сме електронски за да Ви ја пружиме идеалната поддршка при ширење на Вашиот бизнис.

5. Ви нудиме дополнителни консалтинг услуги за Вашата фирма, каде што детално ги елаборираме законите кои Вас ве засегаат. Притоа, Ви овозможуваме навремено да се прилагодите на промените.

сметководство
Калкулирање на повеќе од 1000 плати на месечно ниво. Овозможување на здравствено осигурување на нашите клиенти, како и нивните вработени, се моја секојдневна задача во Александар-АК.

Христина Ангеловска

Човечки ресурси
сметководство

Донка Стојкова

Менаџер на сметководство
мирјана сметководител
Секојдневната соработка со огромен број на клиенти од земјата и странство Ве прави дел од повеќе различни бизниси. Работењето во Александар-АК претставува секојдневен предизвик.

Мирјана Качаковска

Генерален Директор

Фокусирајте се на Вашиот бизнис

Повеќе од 300 задоволни домашни и интернационални клиенти, покриени во секој сегмент од бизнисот, се нашата реклама за доброто работење. Дозволете да ги надминеме Вашите грижи и да се погрижиме да го правите тоа што го сакате – водење на Вашиот Бизнис!

Носиме врвна вредност

Специјализирани сме за секаков вид на бизниси, и нудиме консалтинг услуги кои ќе бидат од дополнителна вредност за Вашата фирма, како и растот на Вашиот бизнис. Софистицирани сме за да Ви ја пружиме идеалната поддршка при ширење на Вашиот бизнис.