Сакаш да ја започнеш својата кариера како сметководител? Во потрага си по работна можност во стабилна компанија во која имаш можност за раст? На вистинското место си!
Сметководственото биро Александар-АК од Скопје има искуство од 25 години, со постојани предизвици и динамичен раст во работата. Со стручни вработени лица во област на сметководството, оваа работна средина претставува одлична можност за да ја добиеш вистинската подлога и едукација за да се развиеш во успешен сметководител.
Во продолжение следуваат детални информации околу самата работна позиција.
Што нудиме со оваа позиција?
- Кариерно насочување со едукација од 1 до 3 месеци
- Дедициран човек за обука
- Специјализирана обука во рок од 1 година
- Можност за евалуција на плата и раст на 6 месеци
Главни задачи на работната позиција:
- Обработка (книжење на фактури)
- Денарски и девизни изводи.
- Документи од благајничко работење (финансово сметководство)
- Навремено и ефикасно опслужување на клиентите за кои е одговорен вработениот
- Постојана комуникација со фирмите
Потребни квалификации на кандидатот:
- Најмалку средно образование (Економско) или високо образование (Економски факултет)
- Познавање на Microsoft Office алатки
- Познавање на англиски јазик
Познавања кои дополнително ќе го издвојат кандидадот:
- Познавање на Microsoft Excel.
- Желба за надоградување и тимска работа.
Дополнителни информации:
- Работното време се одвива од понеделник до петок, 08:00-16:00.
- Работата се одвива во канцеларија, со адреса на ул. 1613 4/5 Скопје (Ново Лисиче).
Аплицирање
Кандидатот треба да го испрати своето CV на vrabotuvanje@aleksandarak.mk, со наслов „Вработување за сметководител“, најдоцна до 30.05.2024.