-2566Денови -3Часови -27Минути -53Секунди

Што треба да проверите пред предавање на завршната сметка?

  1. Добивката и данокот на добивка се едни од клучните елементи при изготвувањето на завршната сметка. Тие ја одредуваат Вашата кредитна способностност за наредната 2018 година и се показател за бонитетот на Вашата фирма.
  2. Проверете дали состојбата на Вашите постојани и тековни средства одговара со извршените пописи на крајот од годината.
  3. Проверете дали се правилно утврдени кусоците/вишоци на опремата, трговските стоки, производите, суровините и материјалите, ситниот инвентар, недовршеното производство.
  4. Проверете ја состојбата на паричните текови внесена во завршната сметка на Вашата компанија дали соодветствува со пописот од благајната 31.12.2017.
  5. Проверете ја состојбата со Вашите клиенти (купувачи/добавувачи) дали книговодствената е во согласност со реалната. Дали сите фактури од Вашите добавувачи Ви се доставени?
  6. Проверете ја функционалноста на Вашиот официјален е-mail со кој е регистрирана вашата фирма. Доколку истиот е нефункционален, Вашата завршна сметка нема да може да биде предадена.

 

Предавање на завршната сметка

  1. Завршната сметка се предава во две институции: Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Р.М.
  2. Последниот датум за предавање е 28-ми февруари. Со воведување на електронското поднесување, рокот се поместува за 15-ти март за компаниите кои поднесуваат само во електронска форма.
  3. Таксата за поднесување на завршната сметка во Централниот регистар изнусва 2,100,00 денари.
  4. Изготвувањето и предавањето на завршната сметка може да го изврши само лиценциран книговодител.
  5. За ненавремено предавање на завршна сметка казните се високи и програсивни.

 

Контактирај нè  Александар-АК: 02/2403-270; 02/2403-271