Добредојдовте на официјалниот веб сајт на Александар-АК. Ние сме книговодствено биро, кое отсега, па натаму, на интерактивен начин ќе ве едуцира и запознава со важноста на финасиите во растот на еден бизнис.

Во ова модерно време, кога се’ поголем број на индивидуи се спремни на чекорот да бидат „сам свој газда“ и да преземат претприемнички зафат, потребата од правилни и навремени информации во овој сектор станува исто така позначајна.

Преку официјалниот сајт (https://aleksandarak.mk ) и официјалната страница на Facebook (https://www.facebook.com/aleksandarakmk/), вие ќе можете да дојдете во допир со информациите кои ќе ви ги понудиме и со кои се надеваме дека ќе ги задоволиме вашите потреби.

Сите новости и информации поврзани со сметководството, книжењето, даноците и правилниците ќе бидат секојдневна тема на елаборирање на нашиот веб простор.