Втор повик за финансиска помош на работодавачите од приватниот сектор опватени микро мали и средни компании. 

Развојната Банка на Р.С.Македонија објави втор повик за помош на компаниите во оджување на нивното текновно работење. Вкупниот износ одреден за оваа помош изнесува 492.000.000,00 денари.

Кој се може да поднесе апликација за кредит?

Претпријатија од сите дејности, кои се регистрирани во Република Северна Македонија, со број на вработени до 250 лица, а коишто ги исполнуваат следните критериуми:

1. Да се регистрирани во Република Северна Македонија;
2. Да се најмалку 51% во приватна сопственост;
3. Да немаат неплатени даноци и придонеси, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на
даноците и придонесите во согласност со посебните прописите од областа на даноците и истите
редовно ги плаќаат заклучно со 31.01.2020 година;
4. Да не се во постапка на стечај или ликвидација;
5. Да работат подолго од шест месеци и имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар на
Република Северна Македонија;
6. Согласно финансиските извештаи за последната фискална година има главнина и резерви (наведен во
билансот на состојба) не помалку од 33% од износот на бараниот кредит;
7. Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија со
состојба на 31.01.2020 година, се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на
просечна ризичност) или коишто немаат обврски кон банките;
8. Показателот за степенот на финансиска задолженост на компанијата треба да е помал од 5.0, а се
пресметува како сооднос меѓу вкупни обврски по заеми и кредити/ главнина и резерви.
9. Намален приход на кредитобарателот, за повеќе од 30% во тековниот период, кое може да се утврди на
еден од следните два начини:
(а) Податоците за приходи од последно расположливиот месец во 2020 година, споредено со приходите
од истиот месец во 2019 година;
или
(б) Податоците за приходи од последно расположливиот месец во 2020 година, спобредено со
просечниот месечен приход во 2019 година (вкупен приход / 12 месеци).
За претпријатија што работат помалку од 12 месеци, падот на приходите се утврдува со споредба на
податоците за приходи од последно расположливиот месец во 2020 година со просечниот месечен
приход за месеците на работење (вкупен приход / месеци на работење).

Напомена: Барањата во точка 6 и точка 8 не се однесуваат за кредитобарател Трговец-поединец. Барањето во точка 6 и
точка 8 се однесуваат на податоци од последната фискална година, а се гледаат од завршната сметка за 2019 година.  

Како се пресметува износот на кредитот кој компанијата може да го добие?

Износот на кредиот зависи од бројот на вработени во компанијата, каде што на секој вработен се доделува по 14.500 днеари,  кредитот е наменет за обртни средства од 3 месеци. па оттука формулата гласи: 14.500 денари Х 3 месеци Х број на вработени во компанијата.

Максималниот износ на кредитот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.500 денари.

Исклучок од формулата за пресметка се:
– претпријатија до 5 вработени (со 1, 2, 3 и 4 вработени) може да аплицираат за кредит во износ од 184.500 денари;
– претпријатија од 128 до 250 вработени, може да аплицираат за кредит во износ до 5.535.000 денари.

*Важно да се напомене е дека бројот на вработени се пресметува до 31.01.2020 година

 

Рок на отплата на кредитот

До 3 (три) години со вклучен грејс период до 12 (дванаесет) месеци. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши квартално. Каматната стапка на овој кредит изнесува 0%.

Задолжителна документација за поднесува на апликација за кредит

Задолжителна документација која заинтересираниот субјект е должен да ја достави на јавниот повик е следната:

 Апликација за кредит (образец објавен на веб страницата на банката);
 Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката);
 Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката);
 Изјава за постоење својство носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката);
 Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката);
 Изјава за број на вработени со состојба 31.01.2020 година (образец објавен на веб страницата на банката);
 Уверение за платени даноци и придонеси заклучно со 31.01.2020 година (Барањето за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси се поднесува исклучиво електронски преку системот е-даноци,
линк: https://etax-fl.ujp.gov.mk/, а УЈП известува за точно време на подигнување);
 ЗП образец (образец за заверен потпис),
 Тековна состојба не постара од 6 месеци (Доколку кредитобарателот го има документот, може да го испрати заедно со апликацијата, во спротивно РБСМ ќе го прибави од Централен регистар);
 Листинг од завршна сметка за 2019 година (Доколку кредитобарателот го има документот, може да го испрати заедно со апликацијата, во спротивно РБСМ ќе го прибави од Централен регистар);
 Доказ за немање на постапка за стечај и ликвидација (Доколку кредитобарателот го има документот, може да го испрати заедно со апликацијата, во спротивно РБСМ ќе го прибави од Централен регистар).

Апликацијата за кредит со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: kreditiranjecovid2@mbdp.com.mk 

Извор: Развојна Банка на Северна Македонија АД Скопје

ОСТАНИ ИНФОРМИРАН

Александар-АК Сметководствено Биро