Финансиска помош на работодавачите од приватниот сектор за исплата на платите за месец Април и Мај 2020 година.

Влада на седницата одржана на 02.04.2020 донесе одлука за директна помош за работодавачиот од приватниот секор, со тоа што ќе овозможи подршка при исплаќањето на платите за месец Април и Мај до најмногу 14.500 денари месечно по вработен. Компаниите кои ќе користат државна помош имаат обврска за задржување на вработените 4 месеци по истекот на истат. 

 

Кои компании имаат право да аплицираат за државната помош?

  1. Секоја компанија која има намалувањето на вкупните приходи  во месец Април 2020 година или во месец Мај 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година (цела година).
  2.   Доколку правниот субјект не е запишан(основан) во централниот регистар пред почетокот на 2019 година, но е регистриран(основан) после месец Март 2019 година, вкупните приходи за месец Април 2020 година или месец Мај 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на месечниот проесек на вкупните приходи остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците Јануари и Февруари 2020 година.
  3.  Секоја компанија која се појавува како барател на финансиска поддршка кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи за последниот сезонски период од 4 месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите 4 месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%,
  4.  Секоја компанија која се појавува како барател на финансиска подршка да не исплатува дивиденда на сопствениците,како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот исплатата на платата за месец Јуни 2020 година.

За месецот за кој се бара финансиска поддршка,просекот на делот на највисоките нето плати на 10% од вкупниот број на вработените кај работодавачот-барател на финансиска поддршка, да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен.

 

 

На кои вработени им следува помош од целата сума 14.500?

 

Оваа финанскиска помош не следува за сопстсвеник/основач на работодавачот-барател на финансиска поддршка, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка. Истот така оваа мерка не следува за државни институции и органи од јавниот сектор. 

Секој вработен кој бил ангажиран на цело работно време му следува целата износ од помошта, доколку вработениот бил ангажиран на пола работно време или повремени истиот износ се намалува сразмерно заклучно работниот ангажман во компанијата. 

Институција која е задолжена за спроведување на оваа мерка е Управата за јавни приходи.

Од УЈП се очекува да изготват обрасци за финансиска помош преку кои ке можат компаниите да аплицираат. Барањето се поднесува до 5-ти во месецот за предходниот месец, по што управата го котролира и потврдува во рок од 3 работни дена, доколку финансиската помош се исплаќа до 13-ти во месецот за предходниот месец. 

 

На кои компании/ вработени не им следуваа финансиска помош?

 

  1. Доколку работникот за периодот декември 2019 година, јануари 2020 година и февруари 2020 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно, за остварен вкупен број на ефективни часови во месецот,
  2.  Доколку работодавачот за работникот користи субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување порадизголемувањенаплата и/или ослободување за данок на личен доход согласно со друг пропис, ако ја намали платата на работникот за периодот додека користи финансиска поддршка за исплата на платите согласно со оваа Уредба.
  3.  Доколку работодавач за работник користи поддршка, односно субвенционирање на социјалните придонеси од плата согласно со друг пропис и на којму е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно со закон и
  4. Доколку работодавач за работник со дополнителна работа, согласно членот 121 од Законот за работните односи.

 

Во кој услови државната финансиска помош се враќа?

 

Доколку компанијата остварува добивка во 2020 година, има обврска примените средства да ги врати на три месечни ради без камата до износ од 50% од добивката отсварена за 2020 година. Истите средства (државната помош) компанијата ги враќа во месеците Април, Мај и Јуни 2021 година. 

Извор: Александар-АК, ИСОС, Влада на РСМ. 

 

Книговодствено биро Александар-АК 

Вашиот финански архитект

Дали ова беше корисно?

Да НЕ