Со оваа статија би сакале повеќе да ја елаборираме мотивацијата и како нејзиното правилно дозирање помага во надминување на секојдневните проблеми и стресови.

Со мотивацијата прв пат се сретнуваме во спортот или барем таму можеме да ја видиме и почувствуваме јасно. Што значи доволно мотивиран спортист? Нокаутот во рингот, решавање натпревар со 3-ка кој изгледа како невозможен за победа во кошарката, хет трик во една фудбалска утакмица, подгинување на трофеј на Ролан Гарос…

Мотивацијата е натприродна сила која му овозможува на човечиот ум да отиде над своите зацртани граници, правејќи го  да се издвојува од другите.

Да се вратиме на бизнисот и примерери за правилно мотивациско дозирање.

Зошто ни е потребна мотивацијата?

Секојдневното прекувремено работење и стресот кој се јавува на работното место се причинители за намалување на вашата енергија и ефикасноста во работењето. Тука доаѓа мотивацијата и што ве мотивира.

Сите сакаме да биде успешни, да бидеме учесници во конференции кои се одвиваат во светските метрополи, да размислуваме за развивање на нашиот бизнис во Њујорк. Немаме сретнато човек кој длабоко во себе не му се потребни пари или премногу пари. Сите од нас сонуваат да си ги отстварат своите сонов: имањето јахта, 30 дневен одмор, спортски точак, едреник, луксузно уреден петхаус, куќа на планина и ред други замисли се дел од нашата идна замисла.

Опкружени сте секој ден со стрес и напорна работа. Одвојте време и помислете каде сакате да бидете, како и што сакате да имате во иднината. Прочитајте некоја статија за луѓето кои со голем труд, упорност и доза на мотивација ги поминаа вашите проблеми и сега се наоѓаат на посакуваната точка од развојот.

Познатиот бренд Coca-Cola во својата прва година продаде само 25 шишиња. –Не се откажувајте!

Бијонсе мораше да направи 10-тици песни пред да дојде до својот хит Halo.

Стив Џобс беше отфрлен од компанијата која ја создаде сам. Но, доволно мотивиран да се врати и направи светски гигант кој трае.

 

Моќта на мотивацијата е огромна. Потребни се помалку од 15 минути во најтешките моменти кога мислите да се откажете, да застанете и да помислите за што работите и се тоа што го сакате. Тие 15 минути ќе ви ја дадат силата да продолжите кон патот на успехот и напорната работа.

Многумина од вас ќе кажат дека ова се ретки примери и ние сме далеку од тоа, но запрашајте се дали вие исто вложувате колку и овие луѓе?

Дали и вие сте мотивиран да работите 120 часа неделно како Елон Маск во создавањето на Pay Pal?