Пред отворање на фирма треба да ги разгледате сите правни форми кои Ви се на располаѓање и да проанализирате која од нив е најсоодветна за вас.

Правни облици кои стојат на располагање за регистрација на фирма во Македонија:

ТП – Трговец поединец: најчесто употребуван правен облик кај сопственици кои вршат услуги како лица: помалите превозници (такси возачите, возачите на комбе, автобус), занаетчиите, уметниците и други. Овие лица одговараат со сопствениот имот.

ДООЕЛ – Друштво со ограничена одговорност едно лице: поголем број фирми се основани под овој правен облик. Почнавте како трговец поединец, но сега сакате да го проширите бизнисот? Потребно е да ја регистрирате фирмата како ДООЕЛ. Оваа форма на компанија е управувана од едно лице кое одговара со имотот на компанијата.

ДОО Друштво со ограничена одговорност: Кај ДОО, сопствеништвото е поделено на повеќе лица кои се здружуваат и прават партнерство. Како и кај ДООЕЛ, и тука сопствениците одговараат со имотот на фирмата.

Сакате да отворите фирма, но не сте сигурни за како да го сторите тоа на вистинскиот начин? Дали знаете дека преку сметководственото биро Александар-АК можете брзо и едноставно да ја отворите својата фирма? Пишете ни ги Вашите податоци, и ние веднаш ќе Ве контактираме со соодветна понуда.

Кои се предностите и слабостите на секој од овие облици на фирми поединечно? Прочитајте подетално во продолжение. Секако, доколку сакате да дознаете нешто подетално, или имате дополнителни нејаснотии, слободно може да нè контактирате во секое време, нашиот тим е постојано достапен за Вас.

 

ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ – ТП

Предности:

  1. Помали трошоци при отворање на фирмата – 50% помалку во однос на другите облици.
  2. Помала е годишната фирмарина за разлика од ДООЕЛ и ДОО. Истата изнесува 2000 денари.
  3. При основање на овој правен облик не е потребен основачки влог. Спротивно, кај ДООЕЛ и ДОО основачкиот влог изнесува 5000 евра.
  4. Сопственикот има избор да одлучи дали сака да ги уплати само месечните придонеси (пензиско, здравствено, дополнително здравствено, персонален данок, вработување) = 46% од платата или целата плата (бруто платата).
  5. Регрес за годишен одмор или К-15 мора да биде проследен доколку има вработени, но не и на управителот.

Слабости:

  1. Лицето одговара со целиот свој имот. Како трговец поединец, при било какво задолжување и неисплаќање на истото, сопственикот одговара со личниот приватен имот.
  2. При било каква нерегуларност при работењето, или добиена судска извршна пресуда, државните институции може да наплатат од личниот приватен имот на сопственикот.
  3. Ликвидацијата или стечајната постапка се долги и обемни процеси.

 

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ЕДНО ЛИЦЕ – ДООЕЛ

 

Предности:

  1. Овој правен облик е основан од едно лице.
  2. Основање на овој вид правен облик може да биде на два начина:
    -Со основачки паричен влог од 5000 евра во денарска противвредност.
    -Со материјален влог (со проценител) во износ од 5000 евра. Во овој материјален влог влегуваат: објект, опрема во фирма, превозни средства во фирма и др. Овие средства ги уплаќа лицето основач.
  3. Како друштво со ограничена одговорност од едно лице, се одговара само со имотот на фирмата.
  4. Ликвидацијата или стечајната постапка на ДООЕЛ е многу побрза во однос на ТП.

 

Слабости: 

  1. Отворањето на овој правен облик е поскап од трговското друштво.
  2. Потребен е основачки влог од 5000 евра во денарска противвредност.
  3. Фирмарините се поголеми. Фирмарината е 7000 денари + 2000 денари за секоја подружница.
  4. Целата бруто плата мора да биде проследена секој месец без избор.
  5. Регрес за годишен одмор или К-15 мора да биде проследен на секој вработен и на управителот.

 

 

ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ – ДОО

 

Предности:

  1. Овој правен облик е основан од повеќе лица.
  2. Основање на овој вид правен облик може да биде на два начина:
    -Со основачки паричен влог од 5000 евра во денарска противвредност.
    -Со материјален влог (со проценител) во изност од 5000 евра. Во овој материјален влог влегуваат: објект, опрема во фирма, превозни средства во фирма и др. Овие средства ги уплаќаат основачите на фирмата.
  3. Како друштво со ограничена одговорност, се одговара само со имотот на фирмата.
  4. Ликвидацијата или стечајната постапка на ДОО е многу побрза во однос на ТП.

 

Слабости: 

  1. Отворањето на овој правен облик е поскап од трговското друштво.
  2. Потребен е основачки влог од 5000 евра во денарска против вредност.
  3. Фирмарините се поголеми. Фирмарината е 7000 денари + 2000 денари за секоја подружница.
  4. Целата бруто плата мора да биде проследена секој месец без избор.
  5. Регрес за годишен одмор или К-15 мора да биде проследен на секој вработен и на управителот.

 

Потребна Ви е помош при отворање на компанија?

Како сметководствено биро основано во 1999-тата година и кое нуди лиценцирано сметководство за сите типови на бизниси, Александар-АК цели 22 години секојдневно опслужува повеќе од 350 македонски и интернационални клиенти. Нашето долгогодишно искуство гарантира сигурност и доверба за Вашиот бизнис, преку професионалниот тим кој го градиме со години.

Доколку сакате повеќе помош околу процесот на отворање на фирма, контактирајте нè веднаш, или пак доколку веќе ги знаете податоците за отворање на Вашата компанија, внесете ги во нашата форма, а ние веднаш ќе Ве контактираме.









     

     

    Сметководствено биро Александар-АК 

    Вашиот финански архитект

    Дали ова беше корисно?

    Да НЕ