Сигурно некогаш сте си го поставиле себе си ова прашање – Дали треба да започнам сопствен бизнис? Но, секогаш сте замислувале дека целиот процес на отворање на нова фирма е доста сложен.
Дозволете да ви покажеме дека е многу поедноставно отколку што мислите. Доколку имате желба за да започнете нешто самостојно, можете уште денес да почнете со остварување на вашиот сон.
Од каде да започнам?
Сѐ започнува од идеја, па така и отворањето на сопствен бизнис. Добро размислете дали вашата идеја може да биде соодветно монетизирана и можете да ја пласирате на поширокиот пазар.
Водењето на сопствен бизнис звучи како голем и интересен предизвик, но сепак треба да се пристапи одговорно кон неговиот развој.
Тргнете од концептот на „бизнис план“, каде меѓу другото, на хартија детално ќе ги објасните следните елементи:
- целта на бизнисот – која е основната цел на постоење
- мисија и визија – кој ќе биде долготрајниот мотив поради кој ќе постои бизнисот и ќе го движи истиот напред
- производ или услуга – што е она што ќе го продава или пласира бизнисот на пазарот
- бизнис модел – кој е начинот за монетизација на бизнисот, односно како ќе се собираат приходи
- SWOT анализа – кои се предностите, слабостите, како и можностите и заканите во интерното и екстерното окружување на бизнисот
- стратегија и тактики – со каква стратегија ќе се постигне целта на бизнисот, и какви тактики ќе се употребат
- алокација на ресурси – какви човечки и материјални ресурси се потребни за да може бизнисот да се постави и да се одржи
- буџет и финансиски план – како ќе се обезбедат средствата за да се пласира бизнисот, и кои се очекуваните приходи и расходи
- маркетинг план – како ќе се пласира бизнисот пред пошироката јавност, со каква цена на чинење на производот/услугата, преку каков начин на промоција и на кои маркетинг канали
Преку бизнис планот ќе имате генерална рамка во која ќе може да го претставите вашиот бизнис пред јавноста или потенцијални инвеститори.
Кои конкретно податоци се потребни за да се отвори фирма?
Откако ќе го решите делот со идеја и цел за вашиот бизнис, како и делот со генералната стратегија и финансискиот план, следниот чекор е фирмата да се регистрира во Централен регистар. Централниот регистар претставува централна информативна база на правни субјекти во Македонија.
Податоци кои треба да се достават до Централниот регистар за да може фирмата да постои како правен субјект се:
- име на фирмата – официјалниот правен назив на субјектот
- адреса на фирмата – физичка локација од која што бизнисот ќе ги извршува своите деловни активности
- официјална е-маил адреса – електронска адреса за комуникација со институциите
- основач на фирмата – име на сопственик на бизнисот кој одговара со својот паричен или непаричен влог
- управител на фирмата – име на лице кое ги води сите деловни активности во фирмата
- дејност на фирмата – краток опис на генералното занимање на фирмата
- банка со која ќе соработува фирмата – банка преку која фирмата ќе ги извршува финансиските активности
Какви облици на фирми постојат?
Пред да отворите фирма, важно е да знаете кои правни форми стојат на располагање и која од нив е најсоодветна за вашиот бизнис. Постојат три облици: ТП, ДООЕЛ и ДОО.
- ТП (трговец поединец) – правен облик кој е најпопуларен за сопственици кои обавуваат услуги како лица – превозници, занаетчии, уметници и сл.
- ДООЕЛ (друштво со ограничена одговорност едно лице) – правен облик под кои најчесто се регистрираат фирми кои имаат еден сопственик и повеќе вработени лица.
- ДОО (друштво со ограничена одговорност) – правен облик во кои сопствеништвото е поделено на повеќе лица (партнерство)
За основање на ДООЕЛ или ДОО е потребен влог од 5.000 евра во денарска противвредност, или пак непаричен влог со проценка на средства од 5.000 евра. Секој од овие облици има соодветни предности и слабости, за кои пишувавме претходно на нашиот блог.
Зошто е потребно сметководство?
Сметководството е една од основните елементи кои се потребни за една фирма да може да функционира успешно и во законските норми. Секоја фирма задолжително мора да има сметководствено биро кое ќе ја застапува и ќе биде нејзин овластен претставник пред даночните институции. Истото биро треба да гарантира за заштита на податоците кои фирмата ги доверува.
Сметководственото биро е местото каде што се планираат и извршуваат финансиските активности на фирмата, и дава поддршка за секојдневното работење на бизнисот.
Многу често при отворање на нова фирма, се јавуваат нејасни прашања од типот на:
- Што треба да содржи една денарска фактура?
- Што треба да содржи една девизна фактура?
- Како правилно се пополнуваат уплатници/вирмани за плаќање?
- До колку може да се плаќа со бизнис картичка?
- Кои се признати трошоци на компанијата?
Сметководственото биро се грижи за да одговори професионално на сите прашања, како и да достави законски побарувања од типот на:
- книжење на денарски и девизни изводи
- книжење на влезни и излезни фактури
- книжење на благајна
- утврдување на сите трошоци и приходи
- утврдување добивка/загуба на фирма
- завршна сметка која треба да се прикаже пред Управата за јавни приходи
- известување за измени во законите
- совети за правилно финансиско работење
- совети за водење финансиски и евиденциони книги
- практични упатства за подобра организациска поставеност на фирмата
Во текот на работењето, ќе се јавуваат и други прашања кај кои сметководството е од голема помош, како: поврат на ДДВ, финансиските извештаи и завршната пресметка, позајмици, патни налози, правилно материјално работење и сл.
Зошто Александар-АК е идеално сметководство за твојот бизнис?
Александар-АК како сметководствено биро е основано во 1999 година, и веќе 21. година секојдневно опслужуваме повеќе од 350 локални и интернационални компании. Мисијата на нашата компанија е да изградиме цврста бизнис врска со секој од клиентите која ќе се потпира на сигурност и доверба.
Задоволните клиенти ни се единствена цел, па затоа како компанија инвестираме секојдневно во дигитализација која ја зголемува нашата ефикасност и навремена достапност на информацијата до нашите клиенти.
Александар-АК ви нуди целосно решение за вашиот бизнис. Под целосно решение подразбираме дека вие повеќе не треба да се грижите за детали од типот на: административна работа, дали навремено ви се искнижени вашите фактури, дали е правилно искалкулирано вашето ДДВ, или пак како да ги пријавите и одјавите вашите вработени.
Нашите тим е во постојан контакт и достапен на вас и вашата фирма, помагајќи ви во намалување на ризикот и во донесување на секојдневните одлуки.
Сакате да започнете сметководство со нас? Направете пресметка за вашиот бизнис, а ние веднаш ќе ве контактираме.