fbpx Skip to main content Skip to search

Archives for февруари 2021

Оваа процедура мора да ја изврши секоја фирма до 26-ти април

Централниот регистар ја започна својата процедура за пуштање во употреба на Регистар на вистински сопственици. Со овој Регистар, се внесуваат податоците за вистинските (крајните) утврдени сопственици на правните субјекти. Услугата се однесува на иницијалниот внес на вистински сопственик, како и секоја промена на сопствеништво во претпријатијата.

На 27.01.2021, започна да тече рок од 90 дена за пријава на овие податоци, односно заклучно со 26.04.2021. Секое претпријатие во Македонија задолжително мора да се пријави во овој Регистар. Секое претпријатие има одговорност за точноста и веродостојноста на информациите кои ќе бидат внесени.

Прочитај повеќе

Остана уште малку време за да ја доставите Вашата завршна сметка

Завршната сметка е најважниот сметководствен документ што едно претпријатие треба да го има доставено до Управата за јавни приходи, а рокот за поднесување оваа година е заклучно 28-ми февруари 2021-ва во хартиена форма, како и до 15 март во електронска.

Само лиценцирано сметководствено биро може да поднесе завршна сметка во име на фирмата. Преку овој документ, секоја фирма ќе може детално да ја погледне својата состојба на приходи и трошоци, и колкав профит или загуба се генерирани во текот на една календарска година.

Прочитај повеќе
Платни инструменти

Платен промет и видови платни инструменти

Често пати сте се прашувале која е разлика помеѓу уплатниците (вирманите) со кои треба да извршите определени плаќања, односно трансакции, во банка или пошта? Иако навидум слични, секоја од нив има своја намена во целокупниот платен промет во земјава.

За да може да се извршува пренос на паричните средства меѓу економските фактори во општеството (луѓе, претпријатија, државни и финансиски институции), потребно е да се употребат методи и инструменти преку кои се извршуваат истите тие плаќања. Таквите методи и инструменти се познати под името платен промет.

Прочитај повеќе